Биди промената

биде со нас во создавањето на подобра иднина!

Сумнал

Здружение за развој на ромската заедница во Македонија

беше основан во јуни 2004 година и одговара на потребите на државните училишта и на населбата Топаана кои се поврзани со исклучително слабиот успех на училиште, висока стапка на осип од училиштата, неписменост и мала свесност за важноста на образованието. За да се бори со овие проблеми, Сумнал организира и изведува различни образовни и општествени активности, како и активности кои го градат карактерот во врска со материјалот кој се учи во редовните училишта и наставните планови подготвени од Министерството за образование и наука.За само неколку години услугите кои ги обезбедува Сумнал драматично се зголемија, иако организацијата остана верна на првичната мисија и цели. Преку соработка со заедницата, соработка со Советот на родители и воспоставување блиски односи со локалните училишта, Сумнал е во можност да ги идентификува и да започне да излегува во пресрет на дополнителните потреби на заедницата. Денес, како дополнение на повеќе од 60 часа неделно образовни можности кои им се нудат за децата, Сумнал обезбедува широк спектар на образовни можности за сите членови на заедницата. Овие можности го вклучуваат следното, иако не се ограничени само на тоа:Правата на жените, подучување, посетување јавни настани, регистрација на граѓани, борба со сиромаштијата која е честа во околината, семејно насилство, хигиена и санитетско-здравствени мерки, вакцинирање, права на децата, описменување на возрасни, демократско учество, човекова средина и многу други.Напредокот на луѓето од Топаана е сигурен. Сепак, Сумнал почна да обезбедува средства и извори потребни за образование на исклучително големиот број возрасни луѓе и деца во населбата Топаана. Без сомнение, надежите, соништата и иднината на цела генерација е посветла поради напорите на тимот, волонтерите, партнерите и симпатизерите на Сумнал.

Визија

Ромите се интегрирани во општеството и даваат поголем придонес во развојот на Република Македонија.

Мисија

 Да се зајакне ромската заедница во република Македонија преку подобрување и развој на образованието, културата, креативниот развој на децата и младите, социјална вклученост, економски развој, здравство и заштита на животната средина.

 

СУМНАЛ Е ЧЛЕНКА НА НАЦИОНАЛНИ И ИНТЕРНАЦИОНАЛНИ МРЕЖИ НА НЕВЛАДИНИ ОРГАНИЗАЦИИ

Во однос на областите во кои делува, Сумнал е членка на национални и интернационални мрежи на невладини организации.

МППС – МАКЕДОНСКА ПЛАТФОРМА ПРОТИВ СИРОМАШТИЈА, која е дел од Европската платформа против сиромаштија. Во Платформата членуваат повеќе од 40 организации од цела

Македонија. Сумнал работи со ромско население, па затоа членувањето во оваа мрежа овозможува Сумнал да биде дел од маршови и Кампањи за борбата за намалување на сиромаштијата во нашата земја. Исто така, членките на Платформата изработи Декларација со приоритети околу покачување на минималната плата во Македонија, да се намали невработеноста, итн., која беше доставена до Министерот за труд и социјална политика. Платформата врши Истражувања и Мапирање на сиромаштијата и социјалната исклученост во Р.Македонија.

www.mpps.org

НАЦИОНАЛНА МРЕЖА ПРОТИВ НАСИЛСТВО ВРЗ ЖЕНАТА И СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО – Преку членување во оваа мрежа, Сумнал организира превентивно -едукативни работилници кои ги држи социјален работник и психолог, се со цел заштита и превенција од семејно насилство врз жената Ромка или насилство во ромското семејство. Сумнал поддржува и учествува на кампањи и настани кои се организираат за борба против сите облици на семејно насилство и членови на Сумнал директно учествуваат во активностите. Во мрежата членуваат повеќе од 20 организации од цела Македонија.

www.glasprotivnasilstvo.org

СРОВ – СОЈУЗ ЗА РАЗВОЈ НА ОБРАЗОВАНИЕ НА ВОЗРАСНИ – Сумнал поддржува и учествува во активности кои се однесуваат на население кое нема довршено и дооформено редовно формално образование.

http://srov.irz.org.mk/

YEN – YOUTH of EUROPEAN NACIONALITIES – ЕВРОПСКА МРЕЖА НА НЕВЛАДИНИ ОРГАНИЗАЦИИ КОИ ПРЕТСТАВУВААТ МАЛЦИНСТВА ВО НИВНИТЕ ЗЕМЈИ. Мрежата овозможува состаноци и семинари во различни земји од Европа и членувањето овозможува разменување на искуства и практики од разни земји и начин да се дознае како едно малцинство живее во одредена земја.

www.yeni.org

FERYP – FORUM OF EUROPEAN YOUNG PEOPLE – ФОРУМ НА МЛАДИ РОМИ ОД ЕВРОПА, Мрежата е поддржана од Советот на Европа и организира тренинзи и состаноци за членките на мрежата во разни земји од Европа. Членките подготвуваат и заеднички проекти и активностти кои се однесуваат на Ромите и новните права воопшто, во кои учествуваат членките од сите земји учеснички.

www.feryp.org

RVN – ROMA VIRTUAL NETWORK – РОМСКА ВИРТУЕЛНА МРЕЖА – Сумнал е членка и на Ромската Виртуелна мрежа (RVN) е иницијатива и има за цел да обезбеди меѓународни искуства за ромската заедница и пријателски не-ромски организации и поединци со корисни информации за ромски прашања во различни јазици преку интернет.

www.romavirtualnetwork.org

EAEA-EUROPEAN ASSOCIATION FOR THE EDUCATION OF ADULTS – ЕВРОПСКА АСОЦИЈАЦИЈА ЗА ОБРАЗОВАНИЕ НА ВОЗРАСНИ

Европската асоцијација за образование на возрасни (EAEA) е гласот на неформалното образование на возрасни во Европа.

EAEA е транснационална, непрофитна асоцијација, чија цел е да поврзе европски организации кои се директно вклучени во образование за возрасни. Нејзината примарна цел е поврзување на невладините организации чија основна цел е едукација на возрасните. EAEA исто така, работи на координирање тела за учење на возрасни. Првично е позната како Европско биро за образование на возрасни. http://www.eaea.org


Годишна програма за работа

Цели на годишната програма:

1. Зајакнување на капацитетите на ромската заедница преку интегрирана промена на свеста за значењето на образованието.

2. Зајакнување на потенцијалите на припадниците на ромската заедница за општествена и економска интеграција во општеството преку активно учество и придонес.

3. Промоција на позитивните аспекти на ромската култура преку поддршка на мултиетничкиот дијалог помеѓу различните етнички групи во Македонија.

Со цел исполнување на визијата и мисијата, во нашата работа ние ќе промовираме:

– Толеранција, почитување на разликите и дијалог;

– Култура на мирот и меѓусебно разбирање;

– Јавност и транспарентност во нашата работа;

– Одговорност во спроведувањето на нашите активности пред законот, меѓународните конвенции, донаторите и ромската заедница на кои ние и нашата работа им сме посветени;

– Промоција на културата на партиципативната демократија во јавноста и во нашата секојдневна работа;

– Почитување на човековите права и достоинството на сите луѓе со кои сме во контакт;

– Постојано ќе креираме можности за работа во заедницата и промоција на волонтерската работа;

– Ќе имаме директна и отворена комуникација со сите чинители кои се од интерес за нашата работа (институции на локално и национално ниво и донесувачи на одлуки, бизнис секторот и другите граѓански организации во Македонија и другите земји кои ќе дадат свој придонес во подобрувањето на резултатите од нашата работа).

Главни програмски активности:

– Придонес за развој на образованието на Ромите со акцент на децата и младите

– Подобрување на социјалниот статус на Ромите во општеството

– Креирање подобра економска средина за вработување на младите Роми

– Активно учество на Ромите во општествените процеси

– Придонес во градење, развој и зајакнување на мултиетничката средина во Македонија и дијалог преку промоција на материјалната и духовната култура на Ромите кои живеат во Македонија.