Интеграција

Активно учество на Ромите во општествените процеси,трендови и текови вo Р. Македонија

1. Активно учество и продонес во процесот на европска интеграција на Република Македонија

– Едукација и информирање на населението за процесот на ЕУ интеграција, законската регулатива и меѓународните договори;

– Одбележување на значајни датуми;

2. Застапување за прашањата од областа на родовата еднаквост во институциите на системот преку соработка и мониторинг

3. Поттикнување на мултиетничка соработка

4. Поддршка на процесот на децентрализација преку активно учество на граѓаните во креирањето и донесување одлуки на локално ниво

– Интензивирање на соработка со општините каде има ромско население;

– Потпишување на Меморандуми на соработка и формирање на мрежа од родово сензитивни општини;

5. Соработка со Центрите за регионален развој како инструмент за поддршка на Комисиите за родова еднаквост во единиците на локалните самоуправи како предуслов за рамномерен регионален развој

Придонес кон изградбата и зајакнувањето на мултиетничкото општество во Република Македонија и мултиетничкиот дијалог преку промоција на духовната и материјална култура на Ромите

1. Унапредување на меѓуетничкиот дијалог

– Обуки, работилници, тркалезни маси, трибини на тема како до подобар мултиетнички дијалог;

– Промоција на различните традиции и култури и нивно запознавање;

– Кампањи за толеранција, меѓусебно разбирање, мир и толеранција;

2. Промоција на родовата еднаквост кај граѓанските организации, локалната самоуправа и институциите во Република Македонија

– Работилници за граѓанските организации, вработените од локалната самоуправа и институциите во Република Македонија за зајакнување на нивниот капацитет за родова сензитивност;

– Мониторинг на работата на граѓанските организации, вработените во локалната самоуправа и институциите за прашањата од областа на родовата сензитивност и родова еднаквост;

– Публикација на печатени информативно едукативни материјали;