Квалитет на живеење

Подобрување на социјалниот статус на Ромите во општеството

1. Промоција на позитивни аспекти на ромската култура во насока на рушење на предрасудите и стереотипите во македонското општество

2. Активни социјални клубови – во општините Чаир и Шуто Оризари со активности за унапредување на социјалниот живот и положбата на старите лица, како и нивно поврзување и активирање во семејството и општеството во целина

Креирање можности и услови за подобрување на економскиот статус на Ромите во Република Македонија

1. Подобрување на можностите за вработување на младите Роми

– Унапредување на работните вештини и позицијата на пазарот на трудот на младите Роми преку обуки со цел доквалификација и преквалификација

– Олеснување на положбата на пазарот на трудот и унапредување на можностите за вработување преку интензивна соработка со Агенцијата за вработување

2. Унапредување на економската независност на ромската жена

– Поддршка на унапредувањето на професионалните вештини на жените ромки преку професионални обуки;

– Медијација при вработување во соработка со Агенцијата за вработување, приватни агенции за вработување и бизнис секторот;

– Јакнење на капацитетите на жената Ромка за претприемнишки вештини и знаења за водење на сопствен бизнис;

– Едукација и поттикнување на мали бизниси како инструмент за подобрување на економската положба на Ромите во Република Македонија;