Single Blog Title

This is a single blog caption

Населбата Топаана низ детски цртежи

Благодарејќи на Хабитат и Александра Савевска децата од Сумнал кои ја посетуваат програмата за дополнително учење и подучување имаа можност да учествуваат во една интересна активност. Тие имаа за задача да нацртаат и обојат мал дел од Топаана, своето место на живеење. Немаше никакви ограничувања- можеа да ја нацртаат својата куќа, населбата, внатрешен/надворешен ентериер, дури и својата куќа од соништата. По цртање и боење на цртежите, следеше кратка презентација на она што беше нацртано од страна на децата. На крајот, се одредија три најдобри цртежи и децата кои ги нацртаа и обоија си добија награди. Оваа интересна активност беше дел од проектот на Хабитат ,, ,,Права на домување кај Ромите за одржлив урбан развој” финансиран од ЕУ.