Образование

1. Унапредување на формалното и неформалното образование на децата и младите Роми:

– Континуирана работа со деца и млади од школска возраст во Сумнал центрите, во општина Чаир (Топаана) и во Шуто Оризари;

– Помош на децата и младите во подготовка на домашни задачи;

– Туторство;

– Помош при запишување на училиште;

– Организација на едукативни и други специјални настани за поддршка на образованието на децата и младите Роми;

– Поддршка на студентите за запишување на факултет на некој од Универзитетите во Република Македонија и нивно насочување според желбите и интересите, но и потребите на ромската заедница во Република Македонија;

2. Активности за континуирана едукацијаи доквалификација:

– Активности за мотивација на полнолетните граѓани за завршување на задолжително основно и средно образование;

– Промоција и спроведување на концептот Доживотно учење за восрасни и стари лица;