Single Blog Title

This is a single blog caption

Спојување на Културитe

„Спојување на Културите“ е младинска размена финансиски покриена од програмата Ерасмус + и ќе се одржи во периодот од 10.10.2017 до 18.10.2017 година во Битола. Учество ќе земат 35 млади од 7 држави: Македонија, Турција, Полска, Албанија,Италија, Босна и Херцеговина и Португалија.
Главната цел на оваа младинска размена е да се спојат на едно место различни култури, да се скршат бариерите и да се разменат искуства. Да се смират стравовите и загриженоста која во моментов владее во земјите од ЕУ и земјите кои не се членки на ЕУ, а се наоѓаат во маглата на “мултикултурна криза” поради приливот на мигранти т.е. голем број на муслимани од загрозените земји. Оваа младинска размена преку интерактивни работилници ќе овозможи подобро разбирање на столбовите на Исламската религија и нејзина толеранција. Најрелевантните теми се етика, религија и филозофија.
Проектот е финансиран од Националната агенција за образование.