Здружение за развој на ромската заедница во Македонија

Сумнал обезбедува широк спектар на образовни можности за сите членови на заедницата.

SUMNAL

Сумнал е посветена на подобрување на животот на
сите луѓе од Топаана и Баир

ОБРАЗОВАНИЕ

1. Унапредување на формалното и неформалното образование на децата и младите Роми.
2. Активности за континуирана едукацијаи доквалификација:

ЗДРАВСТВО

1. Превентивни активности.
2. За жените од заедницата се организираат превентивни едукативни работилници.

ИНТЕГРАЦИЈА

1. Активно учество на Ромите
во општествените процеси,трендови и текови

КВАЛИТЕТ НА ЖИВЕЕЊЕ

1. Подобрување на социјалниот статус на Ромите во општеството.
2. Подобрување на економскиот статус на Ромите

За нас

За нас

Сумнал организира и изведува различни образовни и општествени активности, како и активности кои го градат карактерот во врска со материјалот кој се учи во редовните училишта и наставните планови подготвени од Министерството за образование и наука.
За само неколку години услугите кои ги обезбедува Сумнал драматично се зголемија, иако организацијата остана верна на првичната мисија и цели.
Преку соработка со заедницата, соработка со Советот на родители и воспоставување блиски односи со локалните училишта, Сумнал е во можност да ги идентификува и да започне да излегува во пресрет на дополнителните потреби на заедницата. Денес, како дополнение на повеќе од 60 часа неделно образовни можности кои им се нудат за децата, Сумнал обезбедува широк спектар на образовни можности за сите членови на заедницата. 

Цели на годишната програма

За мене „Сумнал“ значи втор дом, бидејќи таму се луѓето кои што шират позитивна енергија, секогаш има активности кои што се значајни за заедницата и пред се тимската работа е одлична и многу позитивна. Секогаш е отворена за нови личности и идеи кои што ќе придонесат за заедницата.

Ферзије Асаноска Волонтер

Многу сум горд дека сум дел од „Сумнал“. Веќе долго време сум нејзин член и за оваа организација имам само позитивно мислење. Секогаш кога ќе ми требала помош и препораки, таа е тука за мене. Затоа јас сум ѝ голем лојален член сега, а се надевам и понатаму.

Рамиз Ахмедов Волонтер

Да се биде дел од „Сумнал“ за мене значи живот и соработка. Прилично сум нова во „Сумнал“ и доста сум задоволна од усовите со кои располага оваа организација. Работиме на различни проекти сé со една цел – повеќе почит и соживот, крај на предрасудите и расните поделби. Многу сум среќна што сум дел од оваа невладина организација.

Мелиса Комина Волонтер

„Како корисник на проектот ми беше убаво и одлично да се дружам со моите соседи, а пред се да се дружам со волонтерите кои неизмерно ни помогнаа да ги набавиме потребните намирници и ни помогнаа да платиме за сметки за струја и вода. Не знаев многу работи, но благодарение на „Сумнал“ и работилниците што се одржаа, ги научив најосновните работи“.

Даница Корисник

„Би сакал проектот да продолжи, бидејќи благодарение на „Сумнал“, секоја недела имав можност да ме прегледува лекар и да ми го измери шеќерот во крвта. Волонтерите секогаш ни купуваа појадок во Сумнал, ми помагаа да ги набавам потребните намирници и апчиња. Сакам проектот да продолжи и во иднина бидејќи на нас старите луѓе навистина ни треба овој проект“.

Себат Корисник

На крај сум многу среќен што дојдов во Македонија како волонтер во овој проект. Имам толку многу придобивки. Тажен сум поради тоа што треба да заминам, но секое добро треба да има и крај. Животот е таков. Многу сум благодарен на сите во Македонија и на луѓето од здружението Сумнал.

Ахмет Субаши од Турција Волонтер

Овој проект претставува можност за започннување на учење непто ново. Тоа е можност да се започне да се разбере ситуацијата во Европа како мултикултурен ентитет каде религиите, етникумите и јазиците се здружуваат и можат да станат интегрирани.

Хуан Хесус Прадо Родригез од Шпанија: Волонтер

Искуството со деца беше многу збогатувачко бидејќи работевме секој ден на различни аспекти поврзани со нивната едукација. Способноста за организирање на активности и импровизацијата за нивно модифицирање според бројот на деца кој го имавме и барањата кои беа дадени, ми дозволија да го подобрам мојот начин на водење и држење на час.

Давид Перез Гарсија од Шпанија Волонтер

Сакате да бидете дел од нас ПРИЈАВЕТЕ СЕ!

SUMNAL

ЗАЧЛЕНИ СЕ

Регистрирањето на страната на Здружението за развој на Ромската заедница ,,Сумнал“ е исто како и секое персонално/физичко регистрирање. Со овој вид на регистрација имате еднакви можности со сите останати членови на ,,Сумнал’’.