ЗА НАС

Здружение за развој на ромската заедница во Македонија

Беше основан во јуни 2004 година и одговара на потребите на државните училишта и на населбата Топаана кои се поврзани со исклучително слабиот успех на училиште, висока стапка на осип од училиштата, неписменост и мала свесност за важноста на образованието. За да се бори со овие проблеми, Сумнал организира и изведува различни образовни и општествени активности, како и активности кои го градат карактерот во врска со материјалот кој се учи во редовните училишта и наставните планови подготвени од Министерството за образование и наука.За само неколку години услугите кои ги обезбедува Сумнал драматично се зголемија, иако организацијата остана верна на првичната мисија и цели.

СУМНАЛ Е ЧЛЕНКА НА НАЦИОНАЛНИ И ИНТЕРНАЦИОНАЛНИ МРЕЖИ НА НЕВЛАДИНИ ОРГАНИЗАЦИИ

Во однос на областите во кои делува, Сумнал е членка на национални и интернационални мрежи на невладини организации.

Македонија. Сумнал работи со ромско население, па затоа членувањето во оваа мрежа овозможува Сумнал да биде дел од маршови и Кампањи за борбата за намалување на сиромаштијата во нашата земја. Исто така, членките на Платформата изработи Декларација со приоритети околу покачување на минималната плата во Македонија, да се намали невработеноста, итн., која беше доставена до Министерот за труд и социјална политика. Платформата врши Истражувања и Мапирање на сиромаштијата и социјалната исклученост во Р.Македонија.

www.mpps.org

Преку членување во оваа мрежа, Сумнал организира превентивно -едукативни работилници кои ги држи социјален работник и психолог, се со цел заштита и превенција од семејно насилство врз жената Ромка или насилство во ромското семејство. Сумнал поддржува и учествува на кампањи и настани кои се организираат за борба против сите облици на семејно насилство и членови на Сумнал директно учествуваат во активностите. Во мрежата членуваат повеќе од 20 организации од цела Македонија.

www.glasprotivnasilstvo.org

Сумнал поддржува и учествува во активности кои се однесуваат на население кое нема довршено и дооформено редовно формално образование.

http://srov.irz.org.mk/

Мрежата овозможува состаноци и семинари во различни земји од Европа и членувањето овозможува разменување на искуства и практики од разни земји и начин да се дознае како едно малцинство живее во одредена земја.

www.yeni.org

Мрежата е поддржана од Советот на Европа и организира тренинзи и состаноци за членките на мрежата во разни земји од Европа. Членките подготвуваат и заеднички проекти и активностти кои се однесуваат на Ромите и новните права воопшто, во кои учествуваат членките од сите земји учеснички.

www.feryp.org

Сумнал е членка и на Ромската Виртуелна мрежа (RVN) е иницијатива и има за цел да обезбеди меѓународни искуства за ромската заедница и пријателски не-ромски организации и поединци со корисни информации за ромски прашања во различни јазици преку интернет.

www.romavirtualnetwork.org

Европската асоцијација за образование на возрасни (EAEA) е гласот на неформалното образование на возрасни во Европа.

EAEA е транснационална, непрофитна асоцијација, чија цел е да поврзе европски организации кои се директно вклучени во образование за возрасни. Нејзината примарна цел е поврзување на невладините организации чија основна цел е едукација на возрасните. EAEA исто така, работи на координирање тела за учење на возрасни. Првично е позната како Европско биро за образование на возрасни. http://www.eaea.org