ЗА НАС

Здружение за развој на ромската заедница во Македонија

Беше основан во јуни 2004 година и одговара на потребите на државните училишта и на населбата Топаана кои се поврзани со исклучително слабиот успех на училиште, висока стапка на осип од училиштата, неписменост и мала свесност за важноста на образованието. За да се бори со овие проблеми, Сумнал организира и изведува различни образовни и општествени активности, како и активности кои го градат карактерот во врска со материјалот кој се учи во редовните училишта и наставните планови подготвени од Министерството за образование и наука.За само неколку години услугите кои ги обезбедува Сумнал драматично се зголемија, иако организацијата остана верна на првичната мисија и цели.

СУМНАЛ Е ЧЛЕНКА НА НАЦИОНАЛНИ И ИНТЕРНАЦИОНАЛНИ МРЕЖИ НА НЕВЛАДИНИ ОРГАНИЗАЦИИ

Во однос на областите во кои делува, Сумнал е членка на национални и интернационални мрежи на невладини организации.

Македонија. Сумнал работи со ромско население, па затоа членувањето во оваа мрежа овозможува Сумнал да биде дел од маршови и Кампањи за борбата за намалување на сиромаштијата во нашата земја. Исто така, членките на Платформата изработи Декларација со приоритети околу покачување на минималната плата во Македонија, да се намали невработеноста, итн., која беше доставена до Министерот за труд и социјална политика. Платформата врши Истражувања и Мапирање на сиромаштијата и социјалната исклученост во Р.Македонија.

www.mpps.org

Преку членување во оваа мрежа, Сумнал организира превентивно -едукативни работилници кои ги држи социјален работник и психолог, се со цел заштита и превенција од семејно насилство врз жената Ромка или насилство во ромското семејство. Сумнал поддржува и учествува на кампањи и настани кои се организираат за борба против сите облици на семејно насилство и членови на Сумнал директно учествуваат во активностите. Во мрежата членуваат повеќе од 20 организации од цела Македонија.

www.glasprotivnasilstvo.org

Сумнал поддржува и учествува во активности кои се однесуваат на население кое нема довршено и дооформено редовно формално образование.

http://srov.irz.org.mk/

Мрежата овозможува состаноци и семинари во различни земји од Европа и членувањето овозможува разменување на искуства и практики од разни земји и начин да се дознае како едно малцинство живее во одредена земја.

www.yeni.org

Мрежата е поддржана од Советот на Европа и организира тренинзи и состаноци за членките на мрежата во разни земји од Европа. Членките подготвуваат и заеднички проекти и активностти кои се однесуваат на Ромите и новните права воопшто, во кои учествуваат членките од сите земји учеснички.

www.feryp.org

Сумнал е членка и на Ромската Виртуелна мрежа (RVN) е иницијатива и има за цел да обезбеди меѓународни искуства за ромската заедница и пријателски не-ромски организации и поединци со корисни информации за ромски прашања во различни јазици преку интернет.

www.romavirtualnetwork.org

Европската асоцијација за образование на возрасни (EAEA) е гласот на неформалното образование на возрасни во Европа.

EAEA е транснационална, непрофитна асоцијација, чија цел е да поврзе европски организации кои се директно вклучени во образование за возрасни. Нејзината примарна цел е поврзување на невладините организации чија основна цел е едукација на возрасните. EAEA исто така, работи на координирање тела за учење на возрасни. Првично е позната како Европско биро за образование на возрасни. http://www.eaea.org

Ла Страда мрежата е насочена кон кон проширување на меѓународната соработка, размена на знаења, информации и искуства, помеѓу нејзините членови и давање поддршка на невладини организации за прашањето на трговијата со луѓе. Во рамките на Ла Страда мрежата, сите членови лобираат на меѓународно ниво пред институциите на Европската Унија и Организацијата на Обединетите Нации и ги застапуваат и бранат правата и интересите на тргуваните лица. На локално ниво, Ла Страда развива соработка со националните владини тела и обезбедува заштита и превентивни активности за тргуваните лица и лицата кои што се наоѓаат во ранлива позиција и се под виско ризик од трговија со луѓе.

Коалицијата на Ромски невладини организации “Khetane” е формирана во рамките на проектот поддржан од Европската комисија „Заедничка иницијатива за зајакнување на Ромското граѓанско општество на западен Балкан и Турција“. Коалицијата “Khetane” делува на зајакнување и подобрување на вмрежувањете на (про) Ромски граѓански организации на национално, регионално и ЕУ ниво. Го фасилитира разменувањето на знаење, вештини и контакти, и креирањето на релевантни и доверливи податоци поврзани со интеграцијата на Ромите во Република Македонија. Исто така, како извор на релевантни податоци, “Khetane” допринесува за поефективни политики и барање на отчетност на владата во креирањето на политики, носење на одлуки и имплементација на стратегиите и акционите планови поврзани со Ромската заедница.

Aктивностите на европската мрежа „Ментори на различностите на Европа“ се базираат на заедничка годишна програма за работа на нејзините членови. Фокусот на мрежата е заедничкото барање можности за подобрување на општественото и политичкото учество на маргинализираните групи и понатамошен развој на европската соработка. Различните активности на мрежата придонесуваат за личен, социо-културен и професионален развој на целните групи, ја промовираат нивната вработливост, го зајакнуваат нивното учество во процесите на донесување одлуки, но придонесуваат и за дебати за релевантните полиња на политиките, промовираат интеркултурно учење, толеранција, солидарност и еднакви шанси. Покрај тоа, тие придонесуваат за развој на младинската и образовната работа.

Македонска платформа против сиромаштија www.mpps.org ;

Национална мрежа против наслиство врз жената и семејно насилство  www.glasprotivnasilstvo.org ;

Сојуз за развој на образование на возрасни www.srov.irz.org.mk ;

Youth of European Nationalities (YEN) www.yeni,org ;

Форум на млади Роми од Европа www.feryp.org ;

Ромска виртуелна мрежа  www.romavirtualnetwork.org ;

Европска асоцијација за образование на возрасни (ЕАЕА)  www.eaea.org ;