ЗДРАВСТВО

Во здравството како сегмент, кога е во прашање Ромскиот народ, се пројавуваат определени специфики кои се разликуваат од генералната национална слика за здравствената состојба.

Како најчести болести меѓу помладите Роми се сметаат заразните заболувања (хепатитис, ентероколитис, паразитски заболувања, кожни инфекции, ТБЦ), а кај возрасните кардиоваскуларни заболувања, нервни растројства), додека кај адолесцентите во пораст се болестите на зависност, посебно наркоманијата.

Здравствената политика, кога се во прашање Ромите, заради комплексноста и различните аспекти на проблемите кои се рефлектираат на здравјето, наметнува мултисекторски пристап. Ова подразбира остварување на одредени здравствени политики и програми за превентивна здравствена заштита кои се веќе донесени и во кои се истакнува преземањето на превентивните мерки посебно кај ранливите категории на население меѓу кои се и Ромите.

Превентивни активности:

– Работилници за одржување на хигиена, со цел за запознавање на децата со сите видови заразни заболувања, начинот на нивно пренесување, за нивно полесно распознавање, а пред се за нивна заштита од истите;
– Организирање на прегледи за посебни категории на население или за специфични болести (жени, деца, РТГ дијагностика и сл.);
– Работилници за навремена имунизација на децата;
– Работилници за орално здравје за децата и возрасните од заедницата;
– Бесплатни стоматолошки прегледи, за децата од училишна возраст, во соработка со стоматолошка ординација;

За жените од заедницата се организираат превентивни едукативни работилници и се овозможува:

– редовна и бесплатна посета на гинеколог;
– предавања за родовата еднаквост;
– редовна и навремена имунизација за децата;