+38970 699 743 +38978 248 503 sumnalb@yahoo.com

ВИРТУЕЛНА УЧИЛНИЦА ЗА ПОДДРШКА ПРИ РЕАЛИЗАЦИЈА НА УЧИЛИШНИТЕ ОБВРСКИ КАЈ УЧЕНИЦИ РОМИ ОД I-V ОДДЕЛЕНИЕ ЗА ВРЕМЕ НА COVID-19

Здружението за развој на ромската заедница во Македонија „СУМНАЛ“ – Битола започна со реализација на проектот: „Виртуелна училница за поддршка при реализација на училишните обврски кај ученици Роми од I-V одделение за време на COVID-19“, поддржан со ад-хок грант од Цивика Мобилитас. Генералната цел на проектот фокусот го става на организацијата на виртуелни училници за едуцирање и реализација на наставни активности на учениците Роми од I-V одделение за време на COVID-19.

За таа цел здружението во соработка со наставници од основните училишта “Климент Охридски“, „Ѓорги Сугарев“, НУУБ „Св.Климент Охридски“ од Битола и универзитетски професори работат заеднички на организација на виртуелни училници кои ќе им помогнат на учениците Роми да не заостанат со нивните училишни активности и обврски. Преку реализација на овој проект се овозможува примена на online наставни форми и методи за реализација на процесот на учење, како и примена на креативни методи и техники за развој на креативноста во процесот на учење кај учениците Роми од I-V одделение. Предвидените активности на проектот ќе го олеснат процесот на учење и ќе се поттикне креативноста во воспитно- образовниот процес кај учениците Роми.

Имајќи го во предвид фактот дека денес секој еден се соочува со сериозниот предизвик наречен COVID-19, нарушувањата кои се случуваат во општеството како резултат на пандемијата COVID-19 , во голема мера ја нарушуваат иднината и благосостојбата на децата. Но, благодарение на технологијата која ги поврзува луѓето во своите домови, се отворија бројни можности за учениците и наставниците. Факт е дека училиштето не е само место за учење, туку и место за социјализација, грижа и тренинг, заеднички простор. Иако е период на пандемијата, каде што се загрозени човечките животи, се прават сериозни напори да не се занемари образованието на децата, особено на децата кои се дел од маргинализираните групи. Во тој случај, технологијата добива поголема моќ и значење за непречено реализирање на воспитно- образовниот процес.

Од особена важност е децата Роми од одделенска настава од I-V одделение да имаат постојана поддршка од стручни лица. Стручните лица својата професионалност ја ставаат во функција на идентификуваните тешкотии кои учениците Роми ги имаат по одредени предмети на тој начин што се организираат часови каде посветено се работи на надминување на училишните предмети и обврски. Покрај тоа, се поттикнува нивната креативност и се збогатуваат знаењата и можностите за понатамошно учење и образование. Проектот се реализира online, преку користење на платформата Zoom, така што никој од учесниците и тимот не се изложуваат на било каква опасност од вирусот.

Тимот на СУМНАЛ повикува на строго почитување на мерките во борбата против коронавирусот.

Линк до галеријата http://shorturl.at/dkLM5