Single Blog Title

This is a single blog caption

Голема еколошка акција во населбата Топаана

На 20.04.2018 година (петок), со почеток во 10:00 часот, се оддржа голема еколошка акција за чиста животна средина во населбата Топаана. Оваа еколошка акција беше организирана од страна на Општина Чаир во соработка со нас ,,Сумнал”, во која што локалното население заедно со сезонските работници на Општина Чаир спроведoa активности за отстранување на несоодветно одложен отпад во ова населено место. Голема благодарност до Нарел Салих, претставник на општина Чаир, кои ни излегоа во пресрет за да ја реализираме активноста. Исто така, голема благодарност до МТВ за тоа што дојде да го сподели настанот медиумски.