Single Blog Title

This is a single blog caption

ЕВС проект – „Кажи ДА за промена“

Како што е истакнато во насловот, со овој проект сакаме да направиме промена во „Сумнал“ – Битола. Сакаме да го промовираме волонтерството како многу важна алатка за самоподобрување и социјална инклузија и исто така да развиеме вештини кај младите Роми кои се важни за интеграција во секојдневниот живот на општеството, со акцент на развивањето на интеркултурните вештини и способности.

Додека се имплементира проектот, ќе има различни поучувачки активности за децата кои го поцетуваат центарот за ран детски развој во Битола, работилници на различни теми и часови за учење странски јазик.

Проектот ќе се спроведува од 1-ви март 2019 година до 29-ти февруари 2020 година. Активностите ќе ги спроведуваат три пара волонтери во период од три месеци од партнерските земји Турција, Романија и Шпанија.

Планираните активности ќе бидат во согласност со целите на проектот, а тие се:

  • промовирање на волонтерството и неговото позитивно влијание во процесот на учење за развивање интеркултурни вештини;
  • да се допре до поголем број на млади (Роми) кои ќе ги посетуваат активностите во нашиот центар;
  • развивање на интеркултурни компетенции кај младите (Роми);
  • подигнување на свеста кај младите (Роми) за важноста на образованието и продолжувањето на нивниот личен, социјален и професионален развој;
  • развивање на дигитални компетенции и вештини кај младите (Роми) кои ќе им помогнат во понатамошниот развој, образование и вработување;
  • презентирање на позитивни модели на млади од странство за да се зацврсти самодовербата и важноста на младите (Роми) со цел да се чувствуваат и вклучат како активни и еднакви членови на општеството кои сакаат да направат позитивни промени;
  • да направиме размена во однос на култура, традиции, обичаи, јазик, уметност;
  • да ги промовираме и зацврстиме европските вредности и европскиот дух.

Мерве Ашар и Ахмет Субаши од Турција се првиот пар волонтери и тие веќе ги започнаа активностите. Нивната мобилност започна во втората половина на март, а ќе заврши во првата половина на јуни.