Single Blog Title

This is a single blog caption

ЕКОЛОШКА АКЦИЈА ВО НАСЕЛБАТА ТОПААНА

И З В Е С Т У В А Њ Е

Почитувани граѓани на Топаана!

Ве повикуваме на 20.04.2018 година (петок), со почеток во 10:00 часот, на заедничка АКЦИЈА ЗА ЧИСТА ЖИВОТНА СРЕДИНА организирана од страна на Општина Чаир во соработка со НВО “НУЛА ОТПАД” и НВО “СУМНАЛ”, во која што локалното население заедно со сезонските работници на Општина Чаир ќе спроведат активности за отстранување на несоодветно одложен отпад во ова населено место.