+38970 699 743 +38978 248 503 sumnalb@yahoo.com

„КАЖИ ДА ЗА ПРОМЕНА“ – АКТИВНОСТИ СО ВОЛОНТЕРИТЕ ОД РОМАНИЈА

За време на последниот период на мобилност од ЕВС проектот „Кажи ДА за промена“ финансиран од Еразмус + програмата ги имавме волонтерите Андреи Прундеану и Перла Скрипкариу од Романија. Нивниот период на мобилност траеше од 29.11.2019 до 26.02.2020. Тие редовно имаа активности со децата кои го посетуваат нашиот дневен центар, но исто така организираа и неколку работилници.

На 27.12.2019 волонтерите имаа работилница со учениците од 8-мо и 9-то одделение од ООУ„Ѓорѓи Сугарев“ во Битола каде учат најголем процент на Роми. За време на работилницата користеа разни неформални алатки за мотивација со цел учениците да ги споделат своите стравови, проблеми и желби за потоа на втората средба на 10 февруари 2020 година, заедно да предложат решенија на некои од нив. Работилницата беше многу интерактивна и продуктивна, а учениците исто така и се забавуваа. За време на нивната втора средба, посебен фокус беше ставен на малтретирањеto (булинг) во врска со тоа што е и како да се реагира во специфични ситуации. На крајот, учениците имаа поголема свесност за тоа што е насилството и подобро разбирање на опциите што ги имаат во нивна корист.

 

На 16-ти и 17-ти јануари, 2020 година, Андреи одржа работилница на која ја претстави новата програма на Еразмус +, Европски солидарен корпус. Целта на оваа работилница беше локалните млади да се запознаат со можностите кои ги нуди за развивање на локален проект кој би донесол решение за некој постоечки проблем. Голема благодарност до битолската градска библиотека што ни отстапи простор за реализирање на работилницата.

На 20.02.2020 година, Перла одржа работилница на тема „Антициганизам во говорот на омраза на интернет“. За време на работилницата се разговараше за сите облици на говор на омраза на интернет и социјалните мрежи кои се однесуваат на Ромите и начините како да се спречи или намали неговото влијание. Присутните Роми споделија и свои искуства на оваа тема.

По иницијатива на волонтерот Андреи, на 17.02.2020 за дечињата во градинката „Снегулка“ организиравме театар со сенки од приказната „Снежана и седумте џуџиња“. Голема благодарност до вработените во градинката, а посебно на негователката Гзиме Коминовска што ни овозможија да ја направиме оваа идеја реалност. Оваа активност беше дочекана со многу радост кај дечињата.