+38970 699 743 +38978 248 503 sumnalb@yahoo.com

„КАЖИ ДА ЗА ПРОМЕНА“ – ЧАСОВИ ПО РОМСКИ ЈАЗИК И ИТ РАБОТИЛНИЦИ

Од 17 декември 2019 год. до 18 февруари 2020 год. како дел од проектот „Кажи ДА за промена“ финансиран преку Еразмус + програмата се реализираа часови по ромски јазик за почетно ниво. Часовите ги држеше волонтерката од Романија, Перла Скрипкариу. Ова беше прва можност за припадниците на ромската заедница од Битола да се запознаат повеќе со нивниот мајчин јазик, да научат нови зборови и поими и да направат споредба на ромскиот дијалект што се зборува кај нас и во Романија.

Од 9 јануари до 13 февруари 2020 година, како дел од проектот „Кажи ДА за промена“ финансиран од Еразмус + програмата, се реализира краток курс за ИТ вештини од областа на фотошоп по иницијатива на волонтерот Андреи Прундеану од Романија. Учесниците имаа можност да научат како се креираат постери за одреден настан, како се едитираат фотографии и исто така кои техники да ги применат при фотографирањето. Часовите се одржуваа во НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола. Голема благодарност до библиотеката за соработката.