+38970 699 743 +38978 248 503 sumnalb@yahoo.com

„КАЖИ ДА ЗА ПРОМЕНА“ – ЧАС ПО ФИЗИЧКО И ХЕМИЈА

Како дел од ЕВС проектот „Кажи ДА за промена“ финансиран од Еразмус + програмата преку Националната агенција за европски програми и мобилност на Република Северна Македонија, волонтерите од Шпанија имаа можност како личен проект да одржат часови по физичко и хемија во основното училиште „Коле Канински“ во Битола.

Часот по физичко беше одржан од волонтерот Давид Перез Гарсија на 17-ти октомври 2019 година со ученици од шесто одделение. За време на часот Давид организираше најразлични спортски активности поврзани со кохезија на група. Учениците имаа можност да подаваат со топка, да водат топка низ различни препреки, да ја развијат довербата меѓу себе за подобро да функционираат како група преку заедничко спуштање на хулахоп и многу други активности кои завршија со пријателски натпревар  со топка.

Учениците беа многу задоволни, а Давид имаше можност да го презентира своето знаење и вештини како професор по физичко и здравствено образование.

На 18-ти октомври 2019-та беше одржан часот по хемија од волонтерот Хуан Хесус Прадо Родригез со ученици од 8-мо одделение. На часот Хуан го претстави теоретскиот и практичниот дел на создавањето вештачки снег со помош на содиум полиакрилат и вода, прикажување на хроматографија на креда со различни бои и спанаќ, како и менувањето на бојата на течноста во кисела и базна средина. На крај се изведе и експериментот со вулкан користејќи сода бикарбона и киселина.

Учениците уживаа во експериментите, а Хуан беше многу задоволен за дадената можност да го презентира своето знаење и искуство како хемичар и да види како е да се биде наставник по хемија.

Голема благодарност до раководството на основното училиште „Коле Канински“ од Битола,  а најмногу до наставниците Билјана Маневска, Александар Марковски и Весна Баковска што ни овозможија да претставиме малку поинакво искуство на часовите по физичко и хемија за учениците.