+38970 699 743 +38978 248 503 sumnalb@yahoo.com

ХУАН ЗА „КАЖИ ДА ЗА ПРОМЕНА“- КРАЈОТ НА ЕДНО ИСКУСТВО ЗНАЧИ ПОЧЕТОК НА НЕШТО ПОГОЛЕМО

На трите месеци во „Сумнал“ им дојде крајот, а со тоа и многу збогувања, солзи и желби за нови повторни средби во блиска иднина. Но денес, не завршува само мојот престој во „Сумнал“, туку и престојот во Битола, градот кој уште од првиот момент направи да се чуствувам како дома, како никогаш да не го напуштив моето село, како да бев уште еден од него.

Со збогувањето со Битола, завршува мојот живот како Еразмус студент кој започна пред две години во Коимбра (Португалија), продолжи во Порто Алегре (Бразил) и тоа, изненадно и без многу време за размислување, завршува овде во Битола.

Збогувањето не можеше да биде подобро. Целите кои ги поставив за овој Еразмус беа да се интегрирам во опшетеството, да учествувам поактивно во него и, на некој начин, да станам почовечен преку соработка со различни култури, да се обидам да ја разберам историјата на Балканците и, помалку или повеќе, да ги разберам проблемите со кои населението се соочува. Скоро сите цели беа постигнати, иако да се разберат Балканците за толку кратко време е невозможна мисија.

Сепак, земам многу добри работи од Македонија. Земам знаење за овдешната ситуација, земам ајвар (дефинитивно едно од моите омилени јадења) и земам пријатели – мало семејство кое секогаш ќе има место во моето срце заедно со Македонија.

Но, Македонија не значи само крај, значи почеток на моето почовечно постоење. Значи почеток на нова фаза на инклузија, на прифаќање на други многу различни култури и на дух на промена кој, иако постоеше во мене, денес е посилен благодарение на искуствата кои ги доживеав.

Во прилог на сето ова, Битола беше место за надминување на предизвиците. Додека немав проблем при комуникацијата и адаптацијата на други култури по два Еразмус курсеви, еден од моите најголеми стравови беше да зборувам во јавност. На мојот прв ден на часот по шпански кога луѓето почнаа да доаѓаат, јас се тресев и се надевав дека нема да има потреба да зборувам. Зборував многу брзо, неартикулирано и трепетно. Не можев да ги контролирам нервите и притисокот во мојот стомак. По три месеци со работилници, можам да кажам дека го победив стравот. Последниот тест беше мојата работилница „Дали младите можат да го променат светот?“ на којашто беа присутни 120 луѓе и морав да презентирам целосно на англиски. Немав страв, нерви или болка во стомакот.

Сето ова немаше да се случи без часовите по шпански. Зборувањето пред мала група од дваесетина луѓе направи да го изгубам мојот страв од јавно говорење. Но уште поважно, научив да го пренесувам моето знаење на другите. Научив да ги читам лицата на сомнеж кога нешто не е познато, да подготвам час, да анализирам дали учениците ме следат и дали има потреба да се задлабочам во нешто. Предавав шпански, но тие се тие кои ме научија како да предавам.

По два и пол месеци часови (малку време за еден јазик), видов напредок во изразувањето, вокабуларот и правописот. Ја напуштам Битола чувствувајќи дека постигнав нешто, дека целта е повеќе од постигната.

Работењето со деца не беше лесна задача. Секој ден треба да смислиш нешто ново, нешто забавно, да предаваш без да им стане досадно на децата. Најтешкото нешто беше јазичната бариера. За жал, невозможно е да се научи македонски за 3 месеци, така што таа потешкотија останува.

Сепак, заминувам со помислата дека ги научив нешто. Идеи како рециклирање, станување посвесни за својата околина или правење некои хемиси експерименти е еден начин да ги доближам до образованието и да станат заинтересирани за учење. При овој дел од проектот научив многу, главно, да објаснувам се на појасен и поедноставен начин и да пронаоѓам други начини да објаснам нешто на начин на кој што сите ќе разберат. Исто така ја земам со мене наклонетоста од децата и развојот што го видов во одредени случаи. Кога пристигнавме, ни кажаа дека има девојче што не игра, не учествува во ништо и дека нема да успееме да ја инволвираме. По два месеци инсистирање, ја натеравме да игра, а додека се збогувавме, ми ја држеше раката. Првиот ден тргнав да ја инволвирам и, иако беше тешко, заминувам знаејќи дека направивме да биде возможно.

 

Еразмус не значи само учење или волонтирање, значи и патување, а последново немаше да биде поинаку. За време на овие две години на Еразмус, посетив 24 земји, а за време на мојот престој во Битола, ја искористив приликата да ги посетам земјите околу вас. Прва беше Албанија, следена од Србија, Косово и Грција, завршувајќи со патување до Бугарија и Турција. Во сите земји видов работи кои не ги очекував, кои ме изненадија и научија малку за историјата на земјата. Патувањата беа малку луди,  со неочекувани одлуки и бескрајни прошетки, непроспиени денови и денови со искусување традиционални оброци (со ограничувањето на еден вегетаријанец). Градови како Охрид, Атина и Истанбул секогаш ќе бидат во моето сеќавање. Не можам да ја опишам со зборови убавината на овие места кои направија да бидам трогнат и нестрплив да продолжам да го запознавам светот, ако е можно.

Накратко, по толку многу патувања, различни јадења и авантури, можам да кажам дека искуството ги исполни сите очекувања. Земам многу знаење и мало семејство кое е многу големо во моето срце. Ја земам со мене наклонетоста на една земја која од самиот почеток ме пречека како дел од неа и ме третираше како еднаков. Ја земам смеата, илјада и една емоција, многу нови искуства, пријатели и идни повторни средби со нив.

На крај, им се заблагодарувам на „Сумнал“ за ова прекрасно искуство што ми го дадоа. Особено на Викторија и Фатма, без кои повеќето од активностите едноставно немаше да бидат возможни.

Видеото со неговото искуство може да се погледне на следниот линк https://youtu.be/Tv3pCNhClTU