+38970 699 743 +38978 248 503 sumnalb@yahoo.com

ДАВИД – КРАЈОТ НА ЕДНО НЕВЕРОЈАТНО ИСКУСТВО СО „КАЖИ ДА ЗА ПРОМЕНА“

Волонтирањето во Македонија дојде до крајот. По три месеци поминати во оваа неверојатна земја, можам да кажам дека градот Битола и неговите луѓе секогаш ќе бидат во моето срце бидејќи ако постои нешто што ја дефинира оваа земја, тоа е гостопримството на човечките суштества што го формираат нивното општество. Аспект што пријатно ме изненади, повторно кршејќи ги стереотипите маркирани од апсурдното и хопокритско општество што нè опкружува, стереотипи што отсекогаш сум ги мразел и ќе ги мразам и што ги кршам еден по еден низ 41 земја што ги имам посетено до сега. Без сомнение, имам многу добри пријатели од ова искуство, вистински луѓе, кои ќе продолжат да бидат во мојот секојдневен живот, но на малку поинаков начин поради оддалеченоста. Луѓе кои ги ценам, сакам и кон кои имам посебна наклонетост. Отсекогаш сум мислел дека потеклото, расата и бојата на кожата не се важни; ништо од ова не е важно и никогаш нема да биде важно. Она што навистина е важно, е личноста и она што ти го пренесува.

Како да беше вчера кога слетав на скопскиот аеродром со море од прашања за овој проект и државата. Но, малку по малку, тие прашања беа одговорени, пронаоѓајќи многу одговори. По поминати 12 недели во оваа земја, можам да кажам дека ја познавам нејзината култура, традициите, градовите, природата и, секако, гастрономијата; аспект којшто е важен да се истакне бидејќи бев многу пријатно изненаден. За возврат можам да истакнам дека сега знам многу повеќе за Европа бидејќи тогаш можев да ги посетам сите соседни и не толку соседни земји на Македонија. Авантурите доживеани во Албанија, Грција, Србија, Косово, Црна Гора и Турција се веќе зачувани во моите сеќавања. Бескрајност од изгрејсонца и зајдисонца кои го прават ова искуство уникатно. Точно е дека не волонтирав исклучиво само за да патувам и да ги запознаам тие земји, но тоа беше плус кој му даде поголема вредност на оваа волонтерска програма. Направи да ја разберам малку подобро историјата на поранешна Југославија и историјата на секоја посетена земја. Така, можев да ја разберам причината за многу нешта.

Искуството со деца беше многу збогатувачко бидејќи работевме секој ден на различни аспекти поврзани со нивната едукација. Способноста за организирање на активности и импровизацијата за нивно модифицирање според бројот на деца кој го имавме и барањата кои беа дадени, ми дозволија да го подобрам мојот начин на водење и држење на час. Иако, вистината е дека лимитацијата од имањето друг јазик на комуникација не ми дозволи да развијам сè што сакав да применам. На некој начин, зборувањето на друг јазик беше проблем при комуникацијата  со учениците бидејќи често зависеше од тоа нашата координаторка да ги пренеси информациите што сакавме да ги дадеме или она што сакавме да го постигнеме со секоја активност. Но, се разбира, ова е нешто што го знаеш кога одиш во земја поразлична од твојата, знаејќи дека е невозможно да научиш македонски за само неколку месеци.

Во однос на часовите по шпански, морам да кажам дека значеше да се стекне флуентност и искуство при предавањето шпански јазик. За прв пат бев изложен да држам вакви часови бидејќи претходно сум држел часови во основно, средно и на факултет, но никогаш на друг јазик и на луѓе од понапредна возраст, предавајќи им го мојот мајчин јазик. Бев навикнат да се справувам со деца или тинејџери, но не со возрасни. Благодарение на ова волонтирање, сега знам дека тоа е опција која нема да ја изоставам од мојата професионална иднина бидејќи цело време се чувствував многу комотно и многу уживав. Тоа е аспект за кој сум благодарен најмногу на средината која што беше креирана поради мојата работа и учениците. За возврат, потребата да зборувам на англиски и шпански со моите ученици ме доведе до тоа да стекнам подобар вокабулар во пишувањето и зборувањето бидејќи морав да ги подготвам часовите така што ќе предавам на друг јазик различен од мојот.

Различните работилници кои ги држевме низ волонтирањето и искуството стекнато за време на неколкуте дена во друг центар на Сумнал во Скопје, ми дозволија да ја разберам малку подобро и од прва рака реалноста на ромското општество во оваа држава имајќи близок однос со Ромите, што ми дозволи да запознаам малку повеќе некои од родителите на учениците. Затоа сакам да истакнам дека оваа волонтерска програма ги исполни скоро сите очекувања и цели поставени на почетокот.

На крај, би сакал да истакнам дека многу сакав да го продолжам престојот во оваа држава, поминувајќи повеќе време волонтирајќи, но поради причини поврзани со проектот и визата, тоа не беше можно. Она што сакам да го потенцирам со ова е дека уште од првиот момент секогаш се чуствував многу комотно и како дома. Затоа сакам да им се заблагодарам на сите луѓе што ги запознав тука бидејќи имаа поголемо или помало влијание врз моето учење и искуство. Каде и да сум, ќе имам дом за вас бидејќи би сакал да ја возвратам на некој начин сета љубов што ја примив. Голема прегратка за сите вас и ви благодарам.