+38970 699 743 +38978 248 503 sumnalb@yahoo.com

„МАТЕМАТИКА ЗА МАЛИ“ – ПРЕТПОСЛЕДНИ СОСТАНОЦИ

Претставници од Здружението за развој на ромската заедница „Сумнал“ ги посетија партнерските организации од Германија за петтиот и шестиот транснационален состанок во врска со проектот „Математика за мали“ (http://www.mathsforminis.eu), финансиран од Еразмус + програмата.

Петтиот состанок се одржа во Готинген на 11-ти и 12-ти февруари, 2020 година. За време на состанокот се направи евалуација на активностите и состаноците, а исто така се дискутираше и за следните активности, како и за нови проектни идеи.

За време на престојот во Готинген имавме шанса да ја посетиме училишната лабораторија која е дел од Центарот за аеродинамика кадешто учениците учат важни закони од физиката преку изведување на разни експерименти.

Шестиот состанок се одржа во Букебург од 10-ти до 12-ти март, 2020 година.

За време на состанокот беа презентирани резултатите од изложбата на Миниматематикумот во Букеберг. Исто така се дисутираше и за следните активности и новата проектна апликација.