Single Blog Title

This is a single blog caption

МЛАДИНСКА РАЗМЕНА „КОГА ЌЕ ПОРАСНАМ“

Од 15-ти до 20-ти јули 2019-та година, осум членови од СУМНАЛ беа дел од младинска размена во Раздовце – Обручна, Словачка. Дел од прокетот беа учесници од Словачка, Унгарија, Романија и од нашата држава.

Целта на проектот е да се зголеми учеството на младите од оваа размена, (особено на младите и барем 50% од нив Роми) на пазарот на труд преку активности за самопочитување, развивање на нивните практични и повеќенаменски вештини, како и мотивација за претприемништво. Исто така уште една цел е да се зголеми свеста за различните програми и алатки кои можат да ги искористат за да си ги зголемат шансите за аплицирање на пазарот на труд, вклучувајќи ја и Еразмус + програмата.

Дел од активностите беа балансирана имплементација на истите од страна на сите организации учеснички, подготвување на енергизери, подготовка за градење на тим, подготовка на интеркултурни вечери, активно учество во активностите за евалуација и евалуација на стекнатите компетенции.

На овој начин учесниците си ја подобрија подготвеноста за вработување на пазарот на труд (вклучувајќи го промовирањето на претприемништвото) преку соодветно воочување на потребните компетенции за алицирање во одредена област, правиот избор на работа, зацврстување на меките и повеќенаменските вештини, промовирање на активно лидерство, соработка, докажување, работни вештини во разновиден тим. Се стави фокус и на презентерскуте вештни за допринос во зголемувањето на самодовербата на учесниците, подобрување на ефикасноста во одредена работа преку развивање на мерки за превенција од дискриминација, развивање на реакција во такви ситуации, велегување во колосек со работната етика, како и препознавање на важноста на давање и примање повратна информација.