Single Blog Title

This is a single blog caption

МОЕТО ВОЛОНТЕРСКО ИСКУСТВО ВО МАКЕДОНИЈА

Здраво, се викам Ахмет и доаѓам од Истанбул, Турција. Кога јас и мојата соработничка Мерве дојдовме во Битола, само се обидувавме да се ориентираме во нашиот дом тој ден. Всушност, тоа беше малку интересен ден за мене. Сепак, се снајдовме некако. Вториот ден отидовме во центарот да го спремиме и средиме за децата.

Би сакал да го споменам тимот на „Сумнал“ бидејќи навистина ми се допаѓа. Секогаш се трудат околу нас за да се чувствуваме добродојдени и како дома. Лесно ми е да го согледам тоа. Нивниот труд ме мотивира да останам тука. Тие не запознаа и со други луѓе во Битола.

Отидовме на саем за невладини организации каде запознав нови луѓе од други земји и стекнав добри пријатели. Со нив отидов на Кркрдаш, јадев хамбургер во близина на автобуската станица и шетав по Широк Сокак. Ова е само дел од нашата секојдневна забава. Деновите поминуваат трудејќи се да се навикниме на градот, нашиот дом и особено на времето.

Дел од нашите проектни активности е планирањето и спроведувањето на активности за децата кои го посетуваат центарот. На пример, 1-ви Април беше многу добар и интересен ден за мене бидејќи шетавме по најпознатата улица во Битола со децата носејќи смешни капи и костуми. Но, можам да кажам дека во иднина ќе биде незаборавен ден за мене. Еднаш бевме и во зоолошка каде исто така добро се забавувавме.

Исто така држиме часови по турски јазик за Ромите. Започнавме на почеткот од Април и до сега добро ни оди. Исто така секоја недела подготвуваме работилница на различна тема според целите на проектот. Тоа е добро за мене бидејќи благодарение на тоа ги подобрувам моите презентерски вештини.

Македонија не е голема држава, но можам да кажам дека е зелена држава. Овде сум околу два месеци и веќе пропатував низ многу места овде. Верувајте ми дека секаде во Македонија е зелено. Со пријателите бев на многу прошетки. Бевме во Неолица во Националниот парк Пелистер. Исто така, има едно место во Битола каде има два авиони од Прва или Втора светска војна. Отидовме да ги видиме. Бев и во Прилеп, Крушево, Охрид, Ресен и Скопје. Имам добри пријатели во Прилеп кои исто така дојдоа во Битола повеќе пати. Кога бевме во Ресен, јас и мојот пријател од Турција зборувавме на турски, па еден човек не слушна и сфати дека сме Турци. Потоа не чести ручек и не однесе назад во Битола со неговата кола. Тоа исто така ќе ми остани во сеќавање. И, секако, ќе го споменам Охрид кој е исто така многу добар македонски град. Охридското Езеро е прекрасно. Но, таму е гужва поради туристите и не ми се допаѓа толку многу како Битола.

На крај, можам да кажам дека во иднина би можел да живеам во Битола бидејќи градот и луѓето се толку смирени и љубезни.