Single Blog Title

This is a single blog caption

МОЕТО ЕВС ИСКУСТВО ВО МАКЕДОНИЈА

Здраво, јас сум Мерве и имам 22 години. Доаѓам од Турција. Родена сум во Орду, но живеам во Истанбул. По професија сум маркетинг менаџер и работев една година менаџирајќи алатки за дигитален маркетинг. Но, кога ме прифатија како волонтер за ЕВС проект во Македонија, дадов отказ бидејќи многу сакав да бидам дел од проектот.

Сега сум во Македонија. Овде сум веќе месец и половина. Ова е доста поинакво искуство за мене бидејќи живеам во Битола кој е мал град по големина во споредба со Истанбул. Патем, има многу луѓе од различни земји кои живеат овде. Има голем број на Роми и за жал повеќето од нив не живеат во добри услови. Нивната финансиска состојба е лоша, нивото на образование ниско и, за жал, најлошото е што повеќето од нив се женат/мажат многу млади.

Очигледно не беше многу тешко за мене да се навикнам на животот овде бидејќи Викторија многу се грижи за нас уште откако пристигнавме. Прво ни ги кажа деталите за проектот, а потоа сподели со нас совети за животот во Битола кои многу ни помогнаа. Јас и мојот соработник Ахмет подготвуваме активности во врска со проектот, како работилници, часови по турски јазик и игри за децата.

Исто така, има доста Роми кои го посетуваат центарот, па ние подготвуваме активности за нив со цел да научат повеќе работи што ќе им помогнат во иднина. На пример, за нив организираме работилници, тренинзи, настани и сл. Јас дури ќе ги учам јога како дел од мојот личен проект. Јас и мојот соработник ги учиме децата кои го посетуваат центарот Турски и Англиски исто така.

Секој ден имаме различни активности со децата. Понекогаш цртаме, некогаш играме готвење, а понекогаш дури играме кошарка и куглање со нив. На пример, напрвивме маски заедно со нив за 1-ви Април, а потоа заедно шетавме надвор маскирани во различни костуми. Тоа навистина беше забавен ден. Понекогаш, се трудам да ги научам да играат некои турски игри. Искрено, навистина се забавувам со нив и чувствувам дека ме сакаат. Сите се невини. Среќна сум кога ги гледам како се смеат, па сакам да им помогнам колку што можам. Кога ќе пораснат, сакам да се сетат на мене еден ден во иднина бидејќи тие секогаш ќе бидат незаборавни за мене.

Битола е многу интересно искуство за мене бидејќи живеам со некој што не сум го знаела претходно и не знаев точно каде сум. Но, за краток период се навикнав на животот овде. Битола е доста мирен и интересен град. Се чувствувам удобно и сигурно овде. Покрај тоа, луѓето во Македонија се навистина многу пријателски настроени. Патем, стекнав многу добри македонски пријатели овде. Ќе ми недостигаат кога ќе се вратам во мојата земја. Генерално, во Македонија времето е ладно уште откако пристигнав, но луѓето имаат топли срца.

До сега, имам патувано во различни градови во Македонија, а мојот најомилен е дефинитивно Охрид. Мислам дека сите треба да отидат таму бидејќи Охрид е неверојатен град, доста природен и туристички. Исто така, Охрид има големо езеро и луѓето може да пливаат таму. Бев и во Скопје, и исто така тој е навистина многу интересен град. Скопје е најголемиот град во Македонија и е многу развиен бидејќи е главен град. Кањонот Матка навистина е одличен. Дури видов и многу Турци таму. Сигурна сум дека Македонија е прекрасна поради ова бидејќи во неа живеат луѓе од различни земји и религии кои меѓу себе комуницираат многу добро. Искрено, бев шокирана заради оваа ситуација кога дојдов. Ова е голема промена за мене.

Благодарение на мојот проект, имам многу добри пријатели од различни земји. Стекнувам различни искуства и сигурна сум дека овој проект ќе ми ги подобри вештините, а и мене како личност. Македонија е почетокот на неверојатни искуства за мене.