Single Blog Title

This is a single blog caption

ПРОЕКТ „БОИ НА ЖИВОТОТ“

СУМНАЛ- Здружението за развој на ромската заедница во рамките на Еразмус + програмата преку клучната КА1 акција, поддржан од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност од Република Северна Македонија, го реализира проектот COLORS OF LIFE во период од 01.04.2019-08.04.2019 година кој што се одржа во хотел Капри – Битола. Учество зедоа по 4 младински работници од Хрватска, Италија, Албанија, Турција, Словенија, Грција, Бугарија и Македонија.

Целта на проектот беше промоција на социјалната инклузија со фокус на социо- економска интеграција на младите луѓе во различните земји. Со реализацијата на проектот, целта беше да се зголеми свесноста меѓу учесниците дека сите се еднакво важни за општеството како значењето на инвестирањето во образованието за подобрување на квалитетот на нивниот живот. Во текот на обуката преку различни видови на работилници учесниците соовладуваа техники за препознавање и вклучување на младите од маргинализираните групи во нивното општество. Дел од работилниците беа: Што претставува социјалната инклузија, Планирање на нивниот кариерен план, Прозорецот на Јохари, Правење на виртуални организации, Емоционална интелигенција, посета на места каде што живеат луѓето на маргинализираните групи во нашиот град како и посета на нашата организација со цел да се запознаат со активностите кои што Сумнал ги спроведува за да им помогне на овие групи.

За време на таа недела се развија многу нови пријателства, дружења, идеи и соработки кои што ќе придонесат и за понатамошен развој на нашата главна цел – инклузија на маргинализираните групи во општеството. А интеркултурните вечери овозможија запознавање на културата, храната и традицијата на земјите учесници на овој тренинг курс.