+38970 699 743 +38978 248 503 sumnalb@yahoo.com

ПРОЕКТ ЗА ГЕРМАНСКИТЕ ГРОБИШТА ВО БИТОЛА

Здружението за развој на ромската заедница „Сумнал“ од 01.01.2018 го реализира проектот за одржување на германските гробишта во Битола. Проектот  е креиран врз основа на претходно искуство и нови идеи за подобрување на соработката со следниве активности:

1. Грижа за гробиштата;

2. Работа со локалната заедница и Општина Битола;

3. Образовна програма.

Во рамки на проектот се обезбедува исто така:

– чистење и сечење на тревата,

– заштита и рано предупредување за пожари во текот на летниот период;

– работа со блиската локална заедница;

– споделување на информации и подигнување на свеста;

– засадување дрвја и растенија и поставување на клупи;

– организирање на програма за меѓународна промоција на мирот – организирање на настан по повод Меѓународениот ден на мирот.

Како дел од образовната програма се реализираше и онлајн час преку платформата Zoom на кој беше претставено и видеото за германските гробишта кое може да се погледне преку следниот линк  https://www.youtube.com/watch?v=XHPPEeTaagg&t=114s

Проектот е финансиран од Volksbund Deutsche Kriegsgräberfürsorge e. V. и ќе трае до 31.12.2020 година.