Single Blog Title

This is a single blog caption

Посета на музејот ,,Математикум” во Гисен, Германија

На 28 и 29 ноември 2018 година, претставници од Здружението за развој на ромската заедница „Сумнал“ беа во Германија на првата работна средба како партнери на проектот „Математика за мали“ (“Maths for minis”) кој е дел од Еразмус програмата. Во проектот учествуваат и партнери од Германија, Италија, Шпанија, како и Центарот за доживотно учење од Скопје.
Основната цел на средбата беше да се претстави проектот, да се испланираат активностите и да се посети музејот „Математикум“ во Гисен. Целта на проектот е да се прикаже поинаков начин на учење на математиката и развивање на логиката кај децата од 4 до 8 години преку експонатите кои се дел од музејот. Тие експонати ќе бидат прикажани преку изложба во секоја од земјите партнери на којашто децата ќе можат самостојно преку игра да учат математика, да ја развиваат логиката, а притоа и да го засакаат самиот предмет математика.
Првиот ден се одржа работната средба на која сите учесници беа запознати со целта и обврските околу проектот, се направи план за тоа кога и каде ќе се одвиваат изложбите и следните работни средби, а исто така се дискутираше за одредени детали околу организацијата и спроведувањето на активностите. Попладнето за учесниците беше организирана и тура низ Готинген на која беше разгледан дел од градот преку приказната за познатиот математичар и физичар Карл Фридрих Гаус.
Вториот ден учесниците го посетија музејот „Математикум“ во Гисен, каде имаа можност да ги видат експонатите кои ќе бидат дел од изложбата и самите да си поиграат со нив.
Преку овој проект и ромските деца ќе имаат можност да ги посетат изложбите кои ќе се организираат во Скопје и Битола и на забавен начин да го развијат математичкото знаење како и логиката.