Single Blog Title

This is a single blog caption

Програмирај и победувај

Помогнете ни да ја добиеме наградата со три чекори:
1.Отворете го линкот и кликнете на vote

2.Внесете ја вашата mail адреса и штиклирајте Im not Robot

3.Ќе ви пристигне мејл со линк којшто треба да го кликнете еднаш за да го потврдите гласот

Ви благодариме.

Доколку ја добиеме наградата, средствата ќе бидат користени за набавка на училишен метеријал во Скопје и Битола

Настанот ќе се оддржи на 6.10.2018 во Топаана, Скопје. Причината поради избраната локација е тоа што, со исклучок на нашите активности, младите од оваа околина немаат доволно можности да се сретнат со обуки, предавања, семинари од ИТ областа.

Нашиот настан би започнал од 11:30 часот со регистрација на учесниците,а првото предавање ќе започне од 12:00 часот. Предавачот ќе биде искусен програмер, а темата на првото предавање во траење од 45 минути ќе биде вовед во програмирање, запознавање со најчесто користени поими, техники, методи и корисности од ИТ технологијата.

Втората сесија ќе биде наменета за успешните македонски програмери и компании, со акцент на спортските игри и апликации.

Двете сесии би завршиле во 14:00 часот, по што ќе следи тест за учесниците со 10 прашања од двете сесии.

Најдобрите четири ќе добијат книги за програмирање и можност да се натпреваруваат во симулирачката фудбалска игра Pro Evolution Socer, а победникот ќе освои ваучер од 1000 денари. Со ваквиот настан, со помош на фудбал и игра, ќе се привлече вниманието на 20те учесници кон програмирањето, а исто така ќе бидат советувани од предавачот каде да се упатат доколку сакаат да се занимаваат со истото.

https://www.meet-and-code.org/mk/mk/event-show/976