Single Blog Title

This is a single blog caption

РАБОТИЛНИЦИ ОД ПРОЕКТОТ „КАЖИ ДА ЗА ПРОМЕНА“

Како дел од ЕВС проектот „Кажи Да за промена“, нашиот прв пар волонтери од Турција организираат работилници кои се одржуваат еднаш неделно секој четврток. Овие работилници имаат за цел да ги зацврстат вештините и капацитетите на младите Роми во однос на развивање интеркултурни компетенции, подигнување на свеста за важноста на образованието во нивниот личен, социјален и професионален развој, развивање на дигитални компетенции и вештини, интеркултурна размена, зацврстување на самодовербата и важноста на младите Роми за да се чувствуваат и вклучат како активни членови во општеството кои сакаат да направат позитивни промени и промоција на европскиот дух и вредности.

Првите две работилници беа спроведени од волонтерот Ахмет Субаши и беа посветени на Ромите во Турција, нивната култура, традиции, социјален статус и проблеми. Нашите посетители Роми беа многу заинтересирани да научат за ова со цел да дознаат дали Ромите во Турција се соочуваат со истите проблеми со кои се соочуваат тие во Македонија и се разви интересна дискусија на оваа тема. Овие работилници се одржаа на 4-ти и 11-ти април 2019 година.

Третата работилница, која се одржа на 18-ти април, беше подготвена и спроведена од вториот волонтер од Турција, Мерве Ашар. Таа ја презентираше важноста на образованието за личниот, социјалниот и професионалниот равој, со цел да ја подигне свеста за темата кај младите Роми.

Мерве исто така ја спроведе и четвртата работилница на 25-ти април, која имаше за цел да го промовира волонтерството и неговото позитивно влијание во процесот на учење за развивање на интеркултурните вештини. Таа зборуваше за нејзината мотивација и активностите што ги споведува како дел од проектот, како и за влијанието на волонтерството врз нејзиното животно искуство.

Петтата работилница беше подготвена и спроведена од Ахмет на 2-ри Мај. Тој ги презентираше европските права и вредности и разви дискусија за ова во однос на ситуацијата во Македонија, особено кај ромската заедница. За време на дискусијата се обидовме да испратиме порака до младите Роми дека промената започнува од нас самите и не секогаш решението може да се најде надвор од границите на Македонија.