Single Blog Title

This is a single blog caption

СЕКОЈА ДОБРА РАБОТА ЗАВРШУВА – МЕРВЕ АШАР

3 месеци поминаа многу брзо…

Сега се присетувам кога пристигнав во Македонија. Како да беше вчера. Проживеав многу неверојатни моменти за овие три месеци во Македонија. Кога пристигнав во Битола, бев загрижена бидејќи беше прв пат да патувам во странство. Навикната сум да живеам сама, но многу е поразлично од моите други искуства бидејќи не знаев ништо за Македонците, нивната култура, нивниот јазик… На почетокот, сè ми изгледаше многу комплицирано, но навистина не беше!

Со тек на време лесно се навикнав во Македонија бидејќи Македонците се многу пријателски настроени и спремни да помогнат. Запознав многу македонски пријатели таму. Имам многу среќа. Особено бидејќи моите соседи беа многу добри. Секогаш ми помагаа, а понекогаш дури и ми поготвуваа нешто за јадење. Го прославив Велигден заедно со нив и дури им помогнав да ги бојадисаат јајцата. То за мене беше многу забавно бидејќи го немав правено порано.

Во меѓувреме, многу уживав со децата во Центарот. Тие се многу слатки. Кога дојдов овде, не знаев како да комуницирам со нив бидејќи не знаев да зборувам македонски. Но, испадна дека беше лесно да се комуницира со нив, па дури и ги научив нешто. Викторија (координаторката) ми помагаше кога имав проблем при комуникацијата со нив. Тие учеа турски игри, песни, зборови и други работи благодарение на мене. Оваа ситуација е одлична за мене и се надевам дека ќе се сеќаваат на мене бидејќи јас ќе ги паметам до крајот на мојот живот. Се разбира, научив некои македонски зборови и фрази благодарение на нив. Ова искуство е бесценето.

 

Покрај ова, со мојот сорабитник Ахмет држевме работилници на различни теми секоја недела како и часови по турски јазик за возрасни. Особено Ромите сакаат да учат турски, па јас и Ахмет им помогнавме со часовите.

Мојата омилена работилница беше таа за јога бидејќи оваа работилница беше мојот личен проект овде. Го споделив моето искуство со јогата на заинтересираните и исто така им покажав некои основни јога пози. Кога пробавме некои пози заедно, ми беше забавно. Исто така научив многу работи со работилниците. Претпоставувам дека да се биде учител е добро бидејќи се чуствував добро кога им предавав на луѓето.

Најдобриот дел од овој проект е тоа што патував во други балкански земји и научив многу работи за нив. Бев во Албанија, Косово, Црна Гора и Србија. Секаде беше многу убаво. Според мене најдобра балканска земја е Црна Гора бидејќи е многу туристичка. Има многу луѓе од други држави кои живеат таму. Тие се толку елитни и љубезни. Исто така таму се планините и морето кои и даваат многу убава атмосфера на Црна Гора. Особено Улцињ и Будва се одлични. Претпоставувам дека ќе се вратам таму некогаш во иднина.

 

Уште една убава работа е тоа што се сретнав со моите пријатели кога бев во Косово и Белград. Ги немав видено долго време, така што тоа беше добра можност за мене. За време на мојот престој, тие ме прошетаа низ нивните земји. Мислам дека Белград е многу луксузен, така што во споредба со другите земји таму се чувствував како навистина да сум во странство. Архитектурата на Белград е одлична. Единствената лоша работа е тоа што нема море. Косово е како мала Турција за мене бидејќи многу луѓе личат како Турци и се многу пријателски настроени. Исто така косовскиот јазик е многу сличен на турскиот јазик и во споредба со нашиот јазик, тој има многу интересен акцент.

Ми се допадна и Албанија. Таму ги посетив Тирана и Поградец. Мислам дека ќе ми недостасува Поградец кога ќе ми биде досадно бидејќи е толку мал и смирен град и навистина се чувствував среќно таму. Тирана е поголема од Поградец, така што многу луѓе живеат таму. Таму сретнав многу Албанци кои исто така беа спремни да помогнат.

Македонија има поразлично значење за мене од сите држави бидејќи живеев прекрасно таму 3 месеци. Исто така најпријателски растроените луѓе што сум ги видела се Македонците. Мојот омилен град во Македонија е Охрид и претпоставувам дека ќе сакам да се вратам таму во иднина. Исто така и Битола е многу добра. Ќе ми недостига дружењето на Широк Сокак кога ќе се вратам во мојата земја. Среќна сум што живеев во Битола бидејќи е многу смирен и безбеден град.

Бев дел од неколку настани и организиравме неколку активности. На пример бевме гости на турска културна вечер во друга организација. Д6п0ури и подготвив некои од нашите традиционални јадења за нив. Тоа беше многу добро искуство за мене бидејќи бев горда што им ја претставив нашата држава. Научив нешто за македонската култура и дури и научив малку македонски. Истовремено и благодарение на овој проект си ги подобрив вештини по англиски јазик.

 

Дефинитивно имам многу бенефиции од Македонија и од мојот проект. Ќе чувам одлични спомени од овде. Никогаш нема да зажалам што бев дел од овој проект бидејќи запознав многу добри луѓе од други држави. Секогаш ќе ми недостига искуството во Македонија и во иднина ќе се сеќавам на него преку добрите спомени. Многу имав среќа што бев дел од овој проект. Многу ти благодарам за сè Македонијо!!!