Single Blog Title

This is a single blog caption

Светски ден за читање детска литература

„Сумнал“ – здружението за развој на Ромите и Коалицијата на Ромски невладини организации “Khetane” аеднички го одбележуваат 2 Април -Светскиот ден на книгите за деца и 8 Април – Меѓународниот ден на Ромите.
Настанот ќе се одржи на ден 02.04.2018 година ( понеделник) со почеток во 12 часот во просториите на „Сумнал “ – здружение за развој на Ромската заедница.
Заедно со министрот без ресор г-дин Аксел Ахмедовски, ја промововираме кампањата „Прочитај ми сказна за да го разберам светот”, со цел да се популаризира читањето книги кај ромските деца од најмала возраст.
Министерот Ахмедовски ќе им прочита книга на децата кои го посетуваат центарот. Читањето е забавно. Тоа е клучна вештина која ни помага да учиме и да го живееме животот – и затоа започнувањето со читање е возбудлива и важна фаза од развојот на децата.Да им овозможиме на децата редовни дружби со книгата од мали нозе, да им го збогатиме детскиот вокабулар со нови зборови, да ја поттикнеме љубопитноста од најмала возраст, да им ја развиеме способноста за памтење и креативност. Децата се како сунѓери, да им овозможиме нови знаења во забавна и опуштена атмосфера.
Кампањата ќе опфати средба со писатели, читање на книги од познати личности, едукативни работилници за деца и родители итн.
Сите заедно формираме мини библиотека во рамки на центарот, со цел да се популаризира читањето на книги кај ромските деца .