+38970 699 743 +38978 248 503 sumnalb@yahoo.com

ГРИЖА ЗА ЗДРАВЈЕТО НА РОМИТЕ 2 – АКТИВНОСТИ ОД ЧЕТВРТИОТ КВАРТАЛ

Активностите во врска со проектот „Грижа за здравјето на Ромите 2“ продолжуваат да се реализираат.

За време на четвртиот квартал, работата околу наставната програма за курсот на здравствените медијатори беше финализирана.

Во врска со прирачникот, „Сумнал“ ги заврши своите задачи во делот на „Здравствена заштита“ и „Превенција од рак“. Исто така, работевме и на специфичностите во врска со процесот на вакцинација, обезбедување на информации за центрите за помош за лечење од зависности и ја претставивме состојбата на здравствениот состем во нашата држава. Изработивме и чек листи за организаирање на одредени едукативни активности.

На 6 септември 2021 година, координаторот на проектот, г-динот Роналд Шункнехт од германската организација JugendStil e.V, беше во посета на Битола. За време на посетата се одржа состанок со претставници од „Сумнал“ и градоначалничката на Битола, г-ѓата Наташа Петровска. Целта беше да се дефинираат идните активности и да се подготви следниот партнерски состанок што ќе се одржи во ноември оваа година во Битола, на кој ќе присуствуваат и градоначалниците од општините партнери во проектот. На состанокот се разговараше за:

• наставната програма за едукација на здравствени медијатори за Роми;
• прирачникот за здравствени медијатори;
• тренингот на здравствените медијатори кој ќе се одржи наредната година;
• локалните здравствени акциони планови за Роми.
Активностите продолжуваат со реализирање на задачите од работната група која работи на развивање на Локалните здравствени акциски планови за Роми која ја води „Сумнал“.