+38970 699 743 +38978 248 503 sumnalb@yahoo.com

„Грижа за здравјето на Ромите 2“ – активности од вториот квартал

Активностите во врска со проектот „Грижа за здравјето на Ромите 2“ продолжија и во првите три месеци од 2021 година. По спроведувањето на анкетите, тимот на Сумнал ги анализираше одговорите и подготви извештај со резултатите.

На 17 февруари 2021 година, се одржа онлајн состанок преку платформата  Zoom со координаторот на проектот, германската организација Југендстил. Во првиот дел од состанокот нашата претседателка како одговорна на работната група за Локалниот здравствен акционен план ги претстави спроведените активности и прими насоки за подготовка на пример Локален здравствен акционен план кој откако ќе се прегледа и одобри од европски здравствен експерт и од останатите партнери во проектот, ќе биде пополнет од страна на партнерите со релевантните податоци според добиените резултати од анкетите и организацијата на здравствениот систем во секоја држава партнер. Во вториот дел на состанокот, одговорната за работанта група за развивање на едукативните содржини за курикулумот ги претстави спроведените активности и настанатите предизвици. Исто така, таа истакна дека сме многу благодарни за укажаната соработка и помош од страна на одговорната од Општина Битола. На крајот, беа претставени претстојните задачи заедно со крајните рокови.

На крајот од вториот квартал курикулумот, кој што е интелектуалниот прозивод број 1 од проектот, беше комплетиран и партнерите добија задача да ја прегледаат содржината и да дадат коментари и забелешки на одредени делови ако имаат. Курикулумот ќе биде претставен на следниот партнерски состанок во Грција кој ќе се одржи од 28 мај до 01 јуни 2021 година во Атина.

Проектот е финансиран од Европската комисија преку Еразмус +програмата.