+38970 699 743 +38978 248 503 sumnalb@yahoo.com

Грижа за здравјето на Ромите II – Партнерски состанок во Грција

Од 28-31 мај 2021 година, во Атина, Грција се одржа втората партнерска средба во рамките на проектот. Сите земји-партнери беа присутни и работата на тековната проектна задача продолжи.

Прво, беше презентиран напредокот на развојот на материјалот за обука за едукација на здравствените медијатори, a потоа материјалот беше ревидиран. Во следните недели, партнерите ќе работат на финализирање на работата за наставната програма.

Потоа, секоја партнерска земја ги презентираше резултатите од истражувањето спроведено во локалните ромски заедници во врска со нивната здравствена состојба. Координаторот на проектот ги презентираше и резултатите од истражувањето во врска со тоа кои образовни активности се најпривлечни за Ромите со една спецификација за секоја земја.

Сумнал го претстави шаблонот за локалниот здравствен акционен план. Во текот на следниот месец, партнерските невладини организации ќе извршат ревизија и ќе дискутираат со вклучените општини и здравствените оддели во Битола, Халандри, Бузау и Меликут за нивното мислење за резултатите од истражувањето, шаблонот, што треба да се додаде, исклучи итн.

На крајот беа поделени новите задачи и беа договорени роковите.

Ја посетивме и ромската заедница во Халандри каде имавме можност да разговараме со жителите заедно со одговорното лице од општината. Нашата претседателка, Фатма Бајрам Аземовска, имаше чест да се сретне со Георгос А. Стаматис, генералниот секретар за социјална солидарност и борба против сиромаштијата на Грција, со кого разговараше за ромските проблеми, тековните и завршени проекти и можноста за идна соработка.

Сите со нетрпение ја очекуваме нашата следна партнерска средба во Србија во ноември.