+38970 699 743 +38978 248 503 sumnalb@yahoo.com

МЛАДИНСКА МОБИЛНОСТ: „РОДОВ СПЕКТАР“

Волонтери од Здружението за развој на ромската заедница „Сумнал“ учествуваа во младинската мобилност „Родов спектар“ што се случи во Рим, Италија од 08-15 јули 2021 година. Проектот е дел од програмата Еразмус + кофинансирана од Европската унија.

За време на оваа младинска мобилност, 25 млади од Италија, Северна Македонија, Чешка, Хрватска и Србија станаа посвесни за родовата дискриминација, стереотипите и различните улоги на мажите и жените во различни земји. Конечната цел беше да се подигне свеста, да се направи промена во гледиштето и да се поддржи и разбере индивидуалната одговорност, прведност и еднаквост против родовата дискриминација.

За време на локалните и меѓународните активности, беа обработени следните теми:

  • Идентификување на родовите стереотипи кај младите луѓе кои пристигнуваат од различни земји;
  • Дискусија за најчестите стереотипи и методите за промена;
  • Идентификување на најретките стереотипи и испитување на нивните ефекти врз нашите животи;
  • Презентирање на методите со кои овие стереотипи најлесно се надминуваат;
  • Размена на мислења за родовите очекувања помеѓу момчињата и девојчињата;
  • Учење да го прифатите гледиштето на другиот пол;
  • Вежбање ефективни начини на соживот помеѓу момчиња-девојчиња, мажи-жени.

Овој проект им помогна на нашите волонтери од ромската заедница да ја подигнат свесноста за оваа тема и да ја шират кај нивните локални врсници и семејство, со што ќе направат промена и напредок кон разбивање на родовата дискриминација и стереотипи кои за жал сеуште нечујно преовладуваат, особено кај Ромите.

По враќањето, волонтерите заедно со нашиот претседател одржаа работилница за да го споделат своето знаење, искуство и да ги мотивираат другите млади Роми да учествуваат во активностите обезбедени од програмата Еразмус + и нашата невладина организација.