+38970 699 743 +38978 248 503 sumnalb@yahoo.com

ПРОЕКТ: ГРИЖА ЗА ЗДРАВЈЕТО НА РОМИТЕ 2 – СПРОВЕДУВАЊЕ НА АНКЕТИ

Како дел од проектот „Грижа за здравјето на Ромите 2“ предвидено е да се создадат наставна програма за здравствена едукација на Роми, прирачник за обучувачите и Здравствен локален акциски план за Роми.

За таа цел беше потребно да се спроведат две анкети со по 50 испитаници од Ромската популација со цел да се согледаат знаењата на Ромите во однос на нивната грижа за здравјето и кои методи за учење им се најпривлечни.

Така, во втората половина на декември 2020 година беше спроведена анкета со припадници на ромската заедница во Битола.

По обработката на податоците ќе следува адаптација на програмата и прирачникот, како и креирање на соодветен локален акциски план.