+38970 699 743 +38978 248 503 sumnalb@yahoo.com

ПРОЕКТ „РОМАБЦ ОДИ НАПРЕД“ – СПРОВЕДУВАЊЕ НА АНКЕТА

Во рамките на проектот „РомАБЦ оди напред“ кој е финансиран со помош на Европската комисија преку Еразмус + програмата, на 17.12.2020 година се спроведе анкета со ромското население во Битола.

Целта на анкетата е да се испита мислењето на ромското население во однос на тоа кои образовни содржини за стекнување на основни знаења од областа на здравјето и човековите права им се најинтересни и најпривлечни.

Резултатите од анкетата ќе бидат искористени за да се надогради веќе постоечката наставна програма за описменување на возрасни Роми. Исто така според резултатите ќе се надогради и прирачникот за обучувачите кои ќе ги спроведуваат курсевите за описменување.

Проектот е координиран од германската организација Kontakte für Europa e.V. во партнерство со „Сумнал“ од Северна Македонија и партнери од Унгарија, Грција, Србија, Романија и Словачка.