+38970 699 743 +38978 248 503 sumnalb@yahoo.com

РЕЗУЛТАТИ ОД СПРОВЕДЕНАТА АНКЕТА ВО ВРСКА СО ПРОЕКТОТ „РОМАБВ ОДИ НАПРЕД“

За да дознаеме кои теми од областа на здравјето и основните човекови права треба да бидат вклучени во курсот за описменување на возразните Роми, спроведовме анкета со педесет испитаници од ромската заедница во Битола.

Анкетата беше спроведена од 17-22 декември, 2020 година во канцеларијата на Сумнал во Битола со почитување на мерките и протоколите за заштита од Ковид-19. Анкетниот прашалник се состоеше од десет понудени теми за секоја од областите, од кои испитаниците требаше да изберат по пет најинтересни и најкорисни теми.

Според резултатите, од понудените теми од областа на здравството, на испитаниците најпривлечни им беа следните:

  • прва помош 66%;
  • здравствен систем 52%;
  • придобивки од здравственото осигурување 48%;
  • хигиена на забите 48%;
  • превенција и третман од зависности 46%.

Од понудените теми од областа на основните човекови права на испитаниците најпривлечни им беа следните:

  • основни човекови права 58%;
  • основни права на граѓаните 48%;
  • право на барање на социјална помош 46%;
  • дискриминација при вработување 44%;
  • дискриминација при станбени прашања 44%.

На прашањето „Кои други теми од понудените области би ви биле исто така интересни?“, немаше понудени одговори.

Резултатите од спроведената анкета ќе бидат споредени со резултатите од анкетите спроведени во другите партнерски држави и потоа ќе се креира краен извештај со заедничките приоритетни теми кој ќе биде земен во предвид при подготвувањето на едукативните содржини за курикулумот и прирачникот кои ќе се користат од страна на обучувачите при спроведувањето на курсот.