+38970 699 743 +38978 248 503 sumnalb@yahoo.com

„РомАБВ оди напред“ – активности од вториот квартал

Активностите во врска со проектот „РомАБВ оди напред“ продолжија и во првите три месеци од 2021. Пo спроведувањето на анкетата, тимот на Сумнал ги анализираше одговорите и подготви извештај со резултатите.

На 18 февруари 2021 година се одржа онлајн состанок преку платформата Zoom со координаторот на проектот, германската организација Контакти за Европа (Kontakte für Europa). На состанокот беа присутни претставници од сите партнерски организации во проектот. Состанокот се состоеше од 5 дела. Во првиот дел беа презетирани резултатите од спроведените анкети во Германија, Грција, Унгарија, Србија, Романија и Северна Македонија.

Во вториот дел се дискутираше за новата структура на прирачникот за обучувачи и медијатори. Во третиот дел беше истакната работата во врска со вежбите кои што беа направени во претходниот проект „РомАБВ за Западен Балкан“. Каталогот со вежби ќе биде испратен на сите партнерски организации штом координаторот ќе ја заврши нивната ревизија. Во следниот дел од состанокот се дискутираше за процесот на акредитација на наставната програма во секоја партнерска држава. На крајот од состанокот беа претставени следните работни задачи во врска со курикулумот и прирачникот.

Во втората половина на март, Сумнал започна со работа на определување на целите за учење во соработка со партнерите од проектот. Активностите продолжуваат и во следниот квартал, а резултатите од активностите ќе бидат презентирани и дискутирани на следниот партнерски состанок кој ќе се одржи на почетокот од јуни во Атина, Грција.

Проектот е финансиран од Европската комисија преку Еразмус + програмата.