+38970 699 743 +38978 248 503 sumnalb@yahoo.com

„РомАБЦ за Западен Балкан“ – Настан за сензитизација

На 14.03.2021 година се одржа настан за сензитизација на ромската заедница во Битола, како дел од проектот „РомАБЦ за Западен Балкан“. Целта на настанот беше да се информираат Ромите за целите, содржината и текот на тест фазата на подготвената наставна програма за функционално неписмените возрасни, која треба да се одржи во текот на следните две недели. Исто така се разговараше за можните предизвици и учесниците беа информирани дека доброволно можат да се вклучат во истата. Проектот е финансиран од Еразмус + програмата.