+38970 699 743 +38978 248 503 sumnalb@yahoo.com

РОМАБЦ ЗА ЗАПАДЕН БАЛКАН – ПОСЛЕДЕН ПАРТНЕРСКИ СОСТАНОК

Проектот „РомАБЦ за Западен Балкан“ полека доаѓа до својот крај. Од 15 -18 октомври 2021 година во Битола, Северна Македонија, партнерите се сретнаа за последниот партнерски состанок.

За време на овој состанок, партенрите дискутираа за следново:

  • финалната верзија на наставната програма и прирачникот како интелектуални резултати, нивноти печатење и добивање на ISBN број;
  • преглед на иновацијата – новонапишаните вежби кои ќе бидат додадени како анекс на прирачникот;
  • сертификатот којшто ќе им биде даден на возрасните ученици кои ќе го посетат курсот;
  • резултатите и извештајот од имплементираната тест фаза;
  • резултатите од ФЕР мрежата во Србија и Мрежата за основно образование во Северна Македонија;
  • верификацијата на курсот;
  • подготовката на крајниот извештај и преглед на потребните документи вклучувајќи ги и крајните финансиски процедури.

     

Мониторинг, евалуација на состанокот и крајна евалуација на проектот исто така беа направени.

Проектот ќе заврши на 30-ти ноември 2021 година и е ко-финансиран од Европската унија преку Еразмус + програмата.

Состанокот исто така беше регистриран како дел од  #ЕразмусДенови кои се одржаа од 14 – 16 октомври 2021 година.