+38970 699 743 +38978 248 503 sumnalb@yahoo.com

РомАБЦ оди напред – Партнерски состанок во Грција

Претставници од Сумнал имаа можност да учествуваат на партнерскиот состанок што се одржа во Атина, Грција од 31 мај – 4 јуни 2021 година. На состанокот сите партнерски организации беа присутни.

Главната активност на состанокот беше модификација на разработените вежби за курсот за описменување на Ромите во областа на здравството и основните права. Ревизијата ќе продолжи до 15 јуни кога ќе биде финализирана. Потоа, партнерските организации ќе започнат со изработка на соодветниот материјал за обука.

За време на овој состанок, партнерската организација од Грција ги претстави концептите за онлајн делот од курсот за описменување и за вебинарот за обучувачи.

Нашата претседателка, Фатма Бајрам Аземовска, имаше чест да се сретне со г-дин Георгиос А. Стаматис, генералниот секретар за социјална солидарност и борба против сиромаштијата на Грција. На состанокот се разговараше за најновите достигнувања во воспоставувањето на новите стратегии за интеграција на Ромите во нашата земја.

Во септември 2021 година, Сумнал ќе испрати двајца членови од персоналот на пилот обуката во Унгарија за да бидат обучени како водачи на курсеви или медијатори на курсевите за описменување на Ромите.