+38970 699 743 +38978 248 503 sumnalb@yahoo.com

РОМАБЦ ОДИ НАПРЕД – ПИЛОТ ТРЕНИНГ

Од 13-24 септември во Кишкунхалас, Унгарија се одржа пилот тренингот во врска со проектот „РомАБЦ оди напред“. Целта на тренингот беше да едуцира лидери, обучувачи и медијатори кои веќе имплементираат или ќе имплементираат курсеви за описменување на возрасни Роми. На курсот учествуваа двајца претставници од секоја партнерска држава: Германија, Грција, Унгарија, Северна Македонија, Романија, Србија и Словачка.

За време на тренингот се работеше следното:

  • Формирање на очекувања во врска со тренингот, образложување на темата „образование за возрасни“, планот на курсот, типови на учење;
  • Презентација на интелектуалните резултати од проектот: наставната програма за курсевите за описменување на возрасни Роми, прирачникот за обучувачите и медијаторите и мешан курс за описменување на Роми и вебинар за обучувачи;
  • Кратка презентација на бесплатните мерки за здравствена заштита и достапни социјални услуги во партнерските држави, историјата и културата на Ромите во Европа, мотивацијата на Ромите за учество во мерки за образование на возрасни;
  • Групна работа за подготовка на интервјуата за категоризација со потенцијални учесници, како треба да изгледа првиот ден од курсот и презентација на една можност за „Учење на друго место“;

  • Групна работа за подготовка на материјалите за обуката во врска со вежбите за описменување во областите на читање/пишување, математичка писменост, основи на информатика, здравје и основни човекови права ;
  • Стандардите за квалитет за имплементирање на курсеви за описменување на Роми;
  • Како да предавате во делот „Учење за да научат“, на пример: Како може обучувачот да придонеси за успешноста на курсот?, историјата и балансот за учење на обучувачот и учецниците, кои услови се потребни за учење;
  • Презентација на вежбите со користење на развиениот материјал за обука;
  • Дискусија за тоа кои содржини треба да бидат пренесени преку видеа, а кои преку сесии во живо во врска со мешаниот курс за описменување на Роми и вебинарот за обучувачи.

Следниот партнерски состанок ќе се одржи во ноември во Битола, Северна Македонија.

Проектот е финансиран од Европската комисија преку Еразмус + програмата.