+38970 699 743 +38978 248 503 sumnalb@yahoo.com

РОМИ И НЕ-РОМИ ЗА ПОДОБРА ИДНИНА

Шест млади волонтери од Здружението за развој на ромската заедница „Сумнал“ учествуваа во младинската мобилност „Роми и не-Роми за подобра иднина“ што се случи во Нишка Бања, Србија од 16-24 август 2021 година. Проектот е дел од Еразмус + програмата кофинансирана од Европската унија.

                    

За време на оваа младинска мобилност, 24 млади од Италија, Северна Македонија, Словенија и Србија добија шанса да се формираат во индивидуи кои свесно си помагаат и се свесни за нивните човекови права, основните принципи на демократско учество, проблеми и прашања за општествена одговорност и волонтерски активности. На крајот, овие млади треба да бидат активни учесници во нивната земја со промовирање на демократско и социјално учество на поширок фронт.

Темите на кои работеа за време на размената се: човекови права, социјално учество, активност, волонтирање, демократски начин на размислување, демократија, социјални слоеви во неповолна положба, Европска унија, права, обврски, спроведување интерес за еднаквост, застапување интереси.

Овој проект им помогна на нашите волонтери од ромската заедница да ја подигнат својата свест за темите и да шират демократско и социјално учество меѓу нивните локални врсници и семејство, со што се направи промена и напредок кон укинување на дискриминацијата и стереотипите што за жал се уште преовладуваат кон Ромите.

По враќањето, волонтерите заедно со нашиот претседател одржаа работилница за да го споделат своето знаење, искуство и да ги мотивираат другите млади Роми да учествуваат во активностите обезбедени од програмата Еразмус + и нашата невладина организација.