+38970 699 743 +38978 248 503 sumnalb@yahoo.com

СЕЌАВАЊЕТО Е ЛЕК ЗА АНТИЦИГАНИЗАМОТ

Млади луѓе од Здружението за развој на ромската заедница „Сумнал“ учествуваа во младинската мобилност „Сеќавањето е лек за антициганизамот“ што се случи во Рим, Италија од 28 август – 03 септември 2021 година. Проектот е дел од програмата Еразмус +, кофинансирана од Европската унија.

За време на оваа младинска мобилност, 26 млади од Италија, Северна Македонија, Словенија, Хрватска и Србија станаа свесни и научија дека историското сеќавање на Порајмосот е фундаментално за да се блокира и спречи расната омраза кон Ромите и, генерално, против оние кои се сметаат за различни. Оваа историско сеќавање мора да се шири меѓу Ромите, кои често не ја знаат својата историја, и меѓу не-Ромите, кои обично знаат нешто за Холокаустот како злосторство против Евреите, но го игнорираат Порајмосот и она што Ромите го претрпеле за време на Втората светска војна.

Со спомнувањето на овие сеќавања, младите (Роми и не-Роми) станаа посвесни и поспособни да ги препознаат можните знаци на расизам и антициганизам во нивниот секојдневен живот. Конечно, тие ќе можат да го спречат антициганизмот и расизмот во нивната заедница и на крајот да го прекинат.

Овој проект им помогна на нашите учесници да ја подигнат свесноста за темите и да ја пренесат меѓу локалните врсници и семејството, со што се направи промена и напредок кон спречување на антизиганизмот и расизмот кон Ромите.

По нивното враќање, учесниците заедно со нашиот претседател одржаа работилница за да го споделат своето знаење, искуство и да ги мотивираат другите млади Роми да учествуваат во активностите обезбедени од програмата Еразмус + и нашата невладина организација.