+38970 699 743 +38978 248 503 sumnalb@yahoo.com

СОЦИЈАЛНА ИНКЛУЗИЈА НА СТАРИТЕ ЛИЦА

Социјалното вклучување на старите лица во животот на заедницата е еден од показателите на ниво на развој на општеството, но исто така и фактор кој силно влијае на менталното и психичкото здравје на постарите лица. Старите лица имаат потреба од социјална интеграција со околината, особено ако живеат сами. Самотничкиот живот води кон загуба на критичниот контекст за социјална интеграција со околината. Потребата за социјална поддршка за стари лица се зголемува со промена на здравствениот, когнитивниот и емоционалниот статус.

Република Северна Македонија се соочува со зголемен број на старо население. Со 15% старо население над 60 години, на последниот попис во 2002 година, Република Северна Македонија го надминува коефициентот на старо население од 12%. Според статстичките податоци старото население во 2008 година  учествува со 16,6% во вкупното население во Р. Северна Македонија. Прогнозите на Обединетите нации се дека просечното траење на живот во Република Северна  Мaкедонија континуирано ќе се зголемува во иднина  и се очекува просечниот животен век во 2050 година да достигне 79,5 години,  односно 33,0 % на старо население на целата територија.

Од горе наведеното произлегува дека потребите на старите лица за социјална и здравствена заштита се повеќе растат, па како резултат на тоа се наметнува потребата од застапување за развивање на форми за вонинституционална заштита, кои ќе овозможуваат услуги блиски до корисниците за кои се наменети.

Социјалното вклучување е многу сложен процес и не само што опфаќа пристап до информации, туку и достоинствено стареење, кое вклучува финансиска сигурност во старост, можност за еднаков пристап до услугите за социјална и здравствена заштита, усогласување на пазарот на трудот до постојните демографски трендови и карактеристики на постарите лица, еднаква заштита од секаков вид дискриминација, злоупотреба и насилство, еднакви можности за учество во културниот и јавниот живот на општеството.

Во последниве години бевме сведоци дека се спроведуваат бројни програми со цел поголема социјална вклученост на старите лица во активниот живот на една заедница, а тие програми промовираат социјализирање и креативно-едукативна работа со деца со цел да се пренесат искуство, знаење и вештини на повозрасните лица до помлади, како и надминување на генерацискиот јаз преку заедничката социјализација. Овие проекти и програми  имаат за цел да го охрабрат и промовираат здравиот однос на заедницата кон староста, со цел да придонесат за поквалитетен живот на лицата во трето доба и подобри меѓугенерациски односи.

Во рамки на проектот „Психосоцијална поддршка и советување, социјален клуб и односи со јавноста на 100 преживеани Роми жртви на Холокаустот во Скопје“ финансиран од EVZ Stiftung – Erinnerung, Verantwortung, Zukunft се реализира и имплементира Социјална програма наменета за старите лица.

Целта на социјалната програма која е еден дел од проектот е :

  • Зголемување на социјалната интеграција на возрасните лица во општеството;
  • Подигнување на свеста за потребата од меѓугенерациска солидарост (роднинска, соседска и волонтерска) и намалување на меѓугенерацискиот јаз;
  • Намалување на стереотипите и предрасудите за старите лица;
  • Поттикнување на учеството на старите лица во заштитата и промовирањето на традицијата, обичаите и културата на територијата на Р. Северна Македонија;
  • Информирање и едуцирање на старите лица и нивните семејства за правата и услугите кои старите лица можат да ги остварат во системите на социјална заштита;
  • Јакнење на свеста за спречување на злоупотреба и насилство врз старите лица.

Истата вклучува едукативно – информативни работилници од најразлични области и теми кои ги засегаат и се од интерес на старите лица, како и  креативни работилници, одбележување на настани, но и посета на институции, музеи и објекти од научен карактерСоцијална поддршка е наменета се со цел да им се обезбеди безусловна помош и поддршка на старите  лица во социјален ризик и лица Роми  жртви на Холокаустот родени до 9 мај 1945 годинаВо рамки на програмата исто така има и дел каде се реализира теренска посета во домашни услови од страна на социјален работник. За овие стари лица во домашни услови, социјалниот работник ги реализира следнитеа ктивности и тоа преку:

  • Утврдување на специфичните потреби од социјална заштита на секој корисник (преку интервју со корисникот, интервју со членовите на семејството и непосреден увид во домот);
  • Изготвување на социјална анамнеза за сокој корисник;
  • Остварување контакти со членовите на семејството;
  • Укажување на самото старо лице и на неговото семејство за правата од социјална заштита и мрежата на установи за остварување на овие права;
  • Оставрување на посети во домот на корисникот според утврдените потреби;
  • Водење на евиденција и документација за остварените активности;
  • Вежби за психофизички развој и рекреација;
  • Вежби за развој на личните потенцијали.

Преку нивното социјално вклучување Сумнал се залага и се стреми кон  создавање на одржлив, ефикасен модел за пренесување на знаење и вештини кој ќе ги спои младите и старите генерации, што ќе го олесни разбирањето и помошта за да се воспостават социјални врски помеѓу лицата кои припаѓаат на различни старосни групи.

Старите лица активно придонесуваат кон зачувување на материјалната и духовната култура на Ромите и модерното македонско општество со пренесување на нивните знаења, вештини, сведоштва и искуства на младите генерацииСо овој придонес се обезбедува и во иднина ќе се обезбеди промовирање и одржување на социјалната сигурност на старите лица, спречување на социјалната исклученост и подобрување на квалитетот на животот, како и зајакнување на капацитетите на старите лица за водење независен, активен и продуктивен живот.