+38970 699 743 +38978 248 503 sumnalb@yahoo.com

„СУМНАЛ“ И ОСНОВНОТО УЧИЛИШТЕ „БРАНКО ПЕШИЌ“ ОД БЕЛГРАД ПОТПИШАА ДОГОВОР ЗА СОРАБОТКА

Како дел од проектот „РомАБЦ за Западен Балкан“, кој е ко-финансиран од Европската унија преку Еразмус + програмата, на 17.10.2021 година се потпиша договор за соработка помеѓу Здружението за развој на ромската заедница „Сумнал“ и основното училиште „Бранко Пешиќ“ од Белград. Целта на договорот е да се овозможи понатамошна соработка и одрлжливост на проектот.