+38970 699 743 +38978 248 503 sumnalb@yahoo.com

Тест фаза во рамки на проектот „РомАБЦ за Западен Балкан“

Во периодот од 15-30.03.2021 година, се одржа тест фазата за подготвената наставна програма за функционално неписмени возрасни Роми. Целта на тест фазата беше да се види дали подготвените содржини и вежби се соодветни, разбирливи и доведуваат до стекнување на потребните знаења и вештини за надминување на функционалната неписменост кај возрасните Роми. Обучените тренери од „Сумнал“ и основното училиште „Св. Климент Охридски“ одржаа часови по македонски јазик, математика, ИТ и животни вештини, како и бон-тон. По спроведената евалуација, констатирано е дека учесниците уживаа и оценија дека наставната програма е одлична и потребна бидејќи сертификатот за нејзино завршување им е многу потребен и ќе им го олесни животот и секојдневното функционирање донесувајќи им одредени привилегии. Проектот е финансиран од Еразмус + програмата.

Линк до галеријата:

https://www.facebook.com/media/set/?vanity=51109100886&set=a.10157877694525887