Вработување на Ромите преку развој на вештини и одржлива интеграција на пазарот на трудот, посебно на жените Ромки

Donate Now

Во рамките на овој проект се одржаа низа работилници на различни теми, како на пример: семејно насилство, улогата на жената во општеството, дискриминација и како да се спречи итн. Освен овие работилници, имаше и обуки за млади до 30 годишна возраст кои посетуваа занаети-фризери, шминкери, негователи на стари лица, козметичари за тело и лице и преку кои се стекнаа со практични знаења од овие професии. Освен практични знаења, младите се стекнаа со сертификат, а додека траеа обуките тие земаа и месечен надоместок( за храна и пат). Освен овие обуки, кои беа со времетраење од 5 месеци, младите имаат и можност за вработување. Овој проект е финансиран од ЕУ, а е имплементиран од страна на Меѓународната Организација за Миграција ( ИОМ) во соработка со НВО ,,Сумнал” и НВО ,,Сонце”.