Креирање можности за подобрување на образовниот статус кај Ромите во општина Битола

Donate Now

Во рамките на проектот „Заедничка иницијатива за зајакнување на Ромското граѓанско општество на западен Балкан и Турција“ во согласност со Конкурсот за доделување на мали грантови за поддршка на иницијативи и проекти на Ромски и про-Ромски граѓански организации за зајакнување на улогата на Ромското граѓанско општество во РМ за 2016 година, Сумнал – здружението за развој на Ромската заедница го реализираше проектот ,,Креирање можности за подобрување на образовниот статус кај Ромите во општина Битола”. Во рамки на проектот се спроведе истражување врз основа на кое се напиша и анализа. Анализата се презентираше на дел од населението.

Проектот „Заедничка иницијатива за зајакнување на Ромското граѓанско општество на западен Балкан и Турција“ е поддржан од Европската Унија во рамките на повикот Europe Aid/150147/DH/ACT/PRAREG со проектен број 2015/370-300 имплементиран од страна на Рома Актив Албанија и партнер-организацијата Регионална Ромска Образовна Младинска Асоцијација. Целта на проектот е воспоставување на конструктивен и систематски дијалог помеѓу локалните и националните институции и Ромското граѓанско општество, со цел подобрување на политиките за Ромите и нивната интеграција, социјална инклузија, не-дискриминација, меѓу-етнички дијалог, социо-економски развој и граѓански права.