Права на домување кај Ромите за одржлив урбан развој

Donate Now

Локалните лидерски групи (ЛЛГ) вклучени во проектот “Права на домување кај Ромите за одржлив урбан развој“ во период од 16 до 26 август 2016 година ја завршија теренската анкета за прибирање на основни податоци за домување и урбан развој во субурбаните населби во општините Чаир (Топаана), Прилеп, и Штип. Подготовката на ЛЛГ вклучуваше еднодневна обука за анкетирање спроведена од Центарот за Граѓанска Иницијатива од Прилеп во соработка со Хабитат Македонија и партнер организациите. Податоците од анкетата беа  анализирани во три Основни студии за домување и урбан развој кај Ромите и преку истите  се издвоија  како  низа на приоритети во доменот на локален урбан развој во истоимените општини. Основните студии, меѓу другото, им послужија на ЛЛГ успешно да лобираат и ги застапуваат правата на домување и урбан развој за себе и своите сограѓани од локалните заедници пред локалната самоуправа.